Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна изборот на жетварска убавица за Деновите на кочанскиот ориз, се гласа електронски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Почна изборот на жетварска убавица за Деновите на кочанскиот ориз, се гласа електронски
Магазин

Почна изборот на жетварска убавица за Деновите на кочанскиот ориз, се гласа електронски

Објавено 19/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со електронско гласање Општина Кочани го почна изборот на жетварска убавица во рамки на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз 2023, што ќе се одржи од 27 септември до 5 октомври.

Изборот се реализира по неколкугодишна пауза поради ковид-пандемијата, а во определениот рок се пријавиле 11 кандидатки, од кои само седум ги исполниле условите за учество.

-Изборот на жетварска убавица годинава за првпат се реализира електронски, со гласање, односно „допаѓање“ (like) на фотографиите на кандидатките објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани. Кандидатката што ќе добие најмногу „допаѓања“ ќе биде прогласена за жетварска убавица, на настанот со кој официјално ќе започне 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“. Според бројот на гласовите ќе бидат избрани и две придружнички на жетварската убавица. Гласањето ќе трае до петок, 22 септември, до 13 часот, информираа од Општина Кочани.

Девојката која ќе биде избрана за жетварска убавица, ќе го ожнее првиот сноп ориз во рамки на обичајот зажнејување, што ќе се одржи на 1 октомври на земјоделските површини во селото Мојанци.

Во изминатите години одлуката за жетварска убавица ја донесуваше петчлена жири комисија од модни стилисти и претставник од Општина Кочани, а со електронското гласање ќе се вклучат и граѓаните, со што изборот би бил помасовен и пообјективен.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:жетварска убавицаизборкочанскиот ориз
Претходен напис Земјоделците во Кочанско ќе добијат околу 8,3 милиони денари преку поддршката за „зелена нафта“
Следен напис Во петок петта фаза од дезинсекција против ларви од комарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?