Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума, АХВ ги олабави мерките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума, АХВ ги олабави мерките
Агровести

Поради поволната епидемиолошка состојба со афиканската чума, АХВ ги олабави мерките

Објавено 04/03/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради позитивната епидемиолошка состојба со болеста африканска чума кај свињите, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од вирусот. Се укинуваат заштитната (3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи, со цел спречување на ширење на вирусот, успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно донесените решенија. За ставање на состојбата со болеста под контрола, од нејзиното појавување досега, АХВ веднаш го активира Националниот центар за контрола на болести, спроведен беше вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и проверка на воспоставената категоризација на фармите во однос на воведените безбедносни мерки, а засилена беше и соработката со Ловечката федерација, здруженијата на одгледувачи на свињи, Ветеринарната комора и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со кои се одржаа неколку работни состаноци.

-Комерцијалните фарми и некомерцијалните одгледувалишта во високоризичната зона во која влегуваат општините во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија, заклучно со 1 април треба да воспостават високи биосигурносни стандарди, односно доколку истите не се категоризираат како одгледувалишта со низок или среден ризик, кај нив ќе се спроведе мерка за депопулација на трошок на одгледувачите. Со последното решение се засилува пасивниот надзор на одгледувалиштата, во големите свињарски фарми и во ловиштата, на целата територија на земјава – информира Николче Бабовски, директор на АХВ.

Одгледувачите на свињи должни се да ја следат здравствената состојба на свињите и за секоја промена да го информираат официјалниот ветеринар или надлежното ветеринарно друштво, а големите фарми имаат обврска од секоја угината свиња да испратат мостри за лабораториско испитување. Ловните друштва, како што вели Бабовски, треба еднаш неделно да вршат пребарување на ловиштата за пронаоѓање на угинати диви свињи и за тоа да пратат извештај до официјален ветеринар. Од секоја угината дива свиња која ќе биде пронајдена задолжително треба да се прати мостра за лабораториско испитување за утврдување на присуство на вирусот на африканска чума кај свињите.

-Се засилува отстрелот на диви свињи во сите ловишта, независно од дозволениот број за отстрел со ловностопанските основи. Мостра од секоја застрелана дива свиња задолжително треба да се прати за лабораториско испитување, а месото ќе може да се консумира само откако ќе се добие негативен резултат од анализата за утврдување на присуство на вирусот. Во текот на ловот мора да се почитуваат биосигурносните мерки при лов, а обработката на месото од застреланите диви свињи да се врши исклучиво во строго определени градежно уредени објекти/простори за расекување, обработка и чување на труповите – потенцира тој.

Се забранува прихранување на диви свињи, освен за намамување за отстрел. Останува забраната за работа на добиточните пазари, организирање на изложби и други настани во присуство на животни од видот свињи. Нема промени и во однос на забраната за држење на свињи на отворено и колење на свињи во домашни услов.

Повторно населување (репопулација) во одгледувалиштата на свињи согласно решението, е дозволено по укинување на наредените мерки за контрола и ерадикација на болеста, само во одгледувалишта кои се категоризирани со низок и среден ризик. Доколку се утврди дека е вршена репопулација пред укинување на наредените мерки, или репопулацијата е извршена во нерегистрирани одгледувалишта односно одгледувалишта кои се категоризирани со висок ризик, но и ако се затекнат свињи без доказ за потеклото (неидентификувани и без сертификат за здравствена состојба) ќе се изврши нивно одземање, убивање и нештетно отстранување без надомест, на товар на одгледувачот.

Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:цвинска чума
Претходен напис Земјоделците со реакција на забраната за набавка на гориво во туби, прашуваат како да набават нафта за тракторите
Следен напис „Макпетрол“: Се бара решение за некои групи засегнати граѓани, а гориво има и се точи без ограничување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?