Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците поднеле околу 200 барања за претрпена штета од невремето со град во оптина Лозово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците поднеле околу 200 барања за претрпена штета од невремето со град во оптина Лозово
Агровести

Земјоделците поднеле околу 200 барања за претрпена штета од невремето со град во оптина Лозово

Објавено 13/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од населените места во Општина Лозово поднеле околу 200 барања за штети од трите невремиња на крајот на мај – од силен ветер, од град со големина од орев и од дожд. Земјоделците пријавиле штети на разни земјоделски површини – пластеници со раноградинарски култури, ниви со јачмен и пченица, како и овоштарници и лозја, информира за МИА Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Тој вели дека засега не можат да кажат за колкава површина се работи и колкава е штетата.Тоа треба да го утврдат надлежните комисиии кои не терен ќе излезат од среда.

Најголеми штети од трите невремиња претрпеа селата Лозово, Каратманово, Милино, Ѓуземелци, Дурфулија и дел од атарот на село Аџиматово.

Како што информира за МИА градоначалникот Цветковски, на итна седница на Советот беа формирани две Комисии, една за утвдување на штети кај земјоделските култури, а друга за утврдување на штета на движен и недвижен имот.

Додава дека денеска преговараат со претставници од надлежното Биро за судски вештачења чии претставници се во состав на двете комисии и со кои вешти лица од среда планираат да излезат на терен за утврдување на штетите.

Првото невреме со силен град се случи на 25 мај вечерта, второто на 28 мај кога населените места во Општина Лозово ги погоди град со големина на орев од кој најмногу настрадаа земјоделските површини и третото невреме со силен дожд Општина Лозово ја зафати на 31 мај.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:лозово
Претходен напис Нов скок на цените на горивата – Дизелот 107,50 денари
Следен напис Николовски и Бачовски во посета на млади земјоделци во Валандово кои развиле производство на органски сок од калинка со грантова поддршка до 20.000 евра од Програмата за рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?