Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски и Бачовски во посета на млади земјоделци во Валандово кои развиле производство на органски сок од калинка со грантова поддршка до 20.000 евра од Програмата за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски и Бачовски во посета на млади земјоделци во Валандово кои развиле производство на органски сок од калинка со грантова поддршка до 20.000 евра од Програмата за рурален развој
Агровести

Николовски и Бачовски во посета на млади земјоделци во Валандово кои развиле производство на органски сок од калинка со грантова поддршка до 20.000 евра од Програмата за рурален развој

Објавено 13/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, беа во посета на млади земјоделци- браќата Душко и Ристе Гошевски од Валандово.

Браќата Гошевски се основачи на „Кувет“, семеен бренд на органски производи од Валандово. Тие се добитници на грант за млади земјоделци во вредност до 20.000 евра, а средствата ги имаат вложено во набавка на нова производствена линија со која започнале произвoдство на органски сок од калинка. На денешнaта средба, министерот Николовски и директорот Бачовски им го врачија решението за исплата, со кое се рефундираат трошоците направени за набавка на опремата за производство. Освен сокот од калинки, под брендот „Кувет“ се произведуваат и ракија од калинка, ракија од јапонско јаболко, намаз од маслинка и други производи.

„Поддршката која ја даваме на младите земјоделци преку овие грантови е знајчајна, ги мотивираме и им помагаме да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор. Овие мерки даваат ефект, па се повеќе расте бројот на млади земјоделци од година во година. Преку Програмата за рурален развој, им помагаме на младите земјоделци со два гранта, еден до 10.000 евра преку мерката 112 „Поддршка за младите земјоделци да започнат со земјоделска дејност“ и вториот грант до 20.000 евра преку мерката 113 „Поддршка на младите земјоделци за потикнување на земјоделското производство“.“, рече Николовски.

За двете мерки аплицирале 370 млади лица, од нив грантот веќе го реализирале 168 апликанти, од кои 118 за грант до 20.000 евра и 50 апликанти за грантот до 10.000 евра. Вкупната финансиска поддршка за досега исплатени грантови изнесува 112 милиони денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во 2021 година склучи договори за финансиска поддршка со 265 млади земјоделци како поддршка за поттикнување на земјоделското производство по принцип на грантирање од 100% на направените прифатливи трошоци.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:ВаландовоНиколовски
Претходен напис Земјоделците поднеле околу 200 барања за претрпена штета од невремето со град во оптина Лозово
Следен напис Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?