Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Струмичко задоволни од откупните цени на пиперката „ајварка“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Струмичко задоволни од откупните цени на пиперката „ајварка“
Агровести

Земјоделците од Струмичко задоволни од откупните цени на пиперката „ајварка“

Објавено 02/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Струмичко деновиве почна бербата и на отворено на пиперката „ајварка” од сортата „куртовска капија”. Иако од отворено се берат мали количини, сепак земјоделците се задоволни од откупните цени.

Откупната цена за прва класа пиперка во преработувачките капацитети се откупува од 30 до 35 денари за килограм, а втората од 20 до 25 денари.

Засега освен преработувачите, „ајварката” ја откупуваат и трговците во гајби по цена од 30 до 40 денари за килограм во зависност од квалитетот.

Според производителите ова е период кога се совпаѓа бербата на „ајварката” под пластеници и на отворено, а шпицот го очекуваат околу средината на месецот, кога масовно се подготвува ајварот.

– Задоволни сме од откупните цени и се надевам дека такви ќе останат. Иако, бербата од пластениците е доминантна, сепак некои производители почнаа и со берба на отворено. За неколку денови таа ќе се интензивира и очекувам да нема никаков проблем со откупот – рече Бончо Божиков, производител на „ајварка” од село Дабиле.

Инаку, од година во година производството на оваа пиперка се намалува, а годинава на тоа влијаеја и екстремно високите температури. Штети и намалување на приносите има кај оние производители кои навреме не ги наводнувале посевите, а според досегашните сознанија производството на „ајварката” е помало од лани за околу 10 отсто.

МИА

Може да ви се допадне

Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
Таг:ајварка
Претходен напис Хоџа за Законот за продажба на земјиштето: Нема да има ограничување во големината на парцелите, земјиштето ќе биде заштитено од пренамена во наредните 10 години, а земјоделците ќе можат да го купуваат на рати
Следен напис Времето денеска сончево со умерен северен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?