Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од селото Крупиште бараат да се реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од селото Крупиште бараат да се реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница“
АгровестиШумарство и водостопанство

Земјоделците од селото Крупиште бараат да се реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница“

Објавено 25/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оризопроизводители, но и земјоделците кои имаат ниви со пченка, детелина, градинарски култури денеска во селото Крупиште го искажаа својот револт и побараа надлежните да им го реши проблемот со наводнување од Хидросистемот „Брегалница“.

Претседателот на Месната заедница на Крупиште, Павле Георгиев вели дека пет дена немаат вода за наводнување, ниту пак да ги одржуваат оризовите ниви под вода. Посочи дека изминатиот период Овчеполскиот регион имаше проблеми, а сега пак тие. Проблемот не е во недостатокот на вода, туку во тоа што поради неодржување на системот, водата не стигнува до нивните ниви. Најмалку 500 хектари од оризот се суши, а зафатени се над 1000 хектари во кои се вклучени и други култури.

– Бараме под итно да дојдат од Водостопанство и да го решат проблемот. Вода има во Калиманци, а ние немаме. Овој проблем е секоја година сѐ потежок и потежок и веќе сме доведени до тој степен – земјоделците, оризарите да го остават оризот како култура, дека ќе исчезне. Имаме проблем со Водостопанство и водата им бега на сите страни, не можат да ја донесат до нивите. Друг проблем е што ние немаме комуникација со нив, вели Георгиев.

– Не можеме да произведеме храна за сопствената стока. Ако ова вака остане, ќе бидеме принудени и ние да фаќаме и ние некаде во странство. Тука вложивме голем капитал, годините си одат, а пари немаме. Произведувам детелина, пченка, луцерка, крави имам, со тоа се занимавам, истакна  земјоделецот Методи Ефремов од село Долни Балван.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов им даде поддршка на земјоделците. Земјоделците посочија дека ова е предупредувачки протест на кој бараат АД Водостопанство да преземе мерки. Доколку состојбата не се промени, ќе организираат поголем протест со блокада на магистрален пат. Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА вели дека земјоделците го немаат информирано за проблемот, но ги повика да дојдат и да разговараат.

МИА

Може да ви се допадне

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Таг:Брегалницаземјоделцикрупиштенаводнување
Претходен напис Во Овчеполскиот регион почна наводнувањето на земјоделските површини
Следен напис Дали при високи температури треба да се косат тревниците?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?