Во деновите кога температурата надминува 30 степени Целзиусови, подобро е да се избегнува косење на тревата.
При жешко и суво време, меката трева станува сува, а земјата под неа е тврда. Ако при такви услови ја искосите тревата, има шанса да го уништите дворот бидејќи ќе останат само жолти и сиви области во тревникот.
Ако сепак мора да ја искосите тревата, следете ги следниве совети:
-Подигнете ја косилката на максималната висина
-Наострете го сечилото за што е можно помалку да ја скратите тревата
-Задолжително оставете го откосот на тревата, не го собирајте со гребло и не го отстранувајте
-Не одете по тревата секогаш кога е можно
-Ако имате мебел или простирки на тревата, тргнете ги
-Не применувајте никакви хемиски третмани на тревникот
-Штом ќе падне пообилен дожд, малку наѓубрете ја тревата
-Доколку имате можност повремено наводнувајте ја тревата.