Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Лозово дебатираа за новиот закон за задолжително земјоделско осигурување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Земјоделците од Лозово дебатираа за новиот закон за задолжително земјоделско осигурување
Агросектор

Земјоделците од Лозово дебатираа за новиот закон за задолжително земјоделско осигурување

Објавено 03/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Климатските промени се комплексен проблем, за чие решавање е потребно спроведување на активности на повеќе нивоа на човековиот, општествениот и економскиот живот.

Владата на Република Северна Македонија изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување на систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани, ефикасна исплата на штетите и заштита на Буџетот на Република Северна Македонија преку правична и навремена исплата на надоместоци по премија. Всушност, согласно законот се основа Земјоделски осигурителен пул за задолжително осигурување во земјоделството заради вршење на дејноста на задолжително осигурување во земјоделството.

Преставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна одржаа средба со земјоделци од Општина Лозово на која ги запознаа со новиот закон за земјоделското осигурување.

На средбата беше потенцирана важноста од осигурувањето, меѓудругото и како еден од условите за добивање на земјоделските субвенции.


-Земјоделските стопанства регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)  согласно со Законот за земјоделство и рурален развој пред поднесување на барање за финансиска поддршка согласно годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година се должни посевите и плодовите од насадите, грлата добиток и пчелните семејства за кои бараат финансиска поддршка да ги осигураат во Пулот од штети предизвикани од временски непогоди и други настани – истакна Александар Мусалевски од МЗШВ.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е tribina_lozovo-14-1200x800.jpg

Ризици на осигурување во земјоделскиот сектор се град, молња, поплава, суша, пролетен мраз, бура, пожар, болест и несреќен случај.

Осигуреникот со склучување на договорот за осигурување со друштвото на сметка на Пулот плаќа од 20% до 80% од премијата за осигурување со што во случај на исполнување на условите за исплата на штета се стекнуваат со право на соодветна осигурителната сума и тоа:

  • со платени  20% од  Премијата се стекнуваат до 40% од осигурителната сума,
  • со платени  30% од  Премијата се стекнуваат до 50% од осигурителната сума и
  • со платени  80% од  Премијата се стекнуваат до 100% од осигурителната сума. 



Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е tribina_lozovo-4-1200x800.jpg

Земјоделските производители присутни на средбата позитивно се изјаснија во врска со новиот закон но побараа поголема информираност и вакви директни средби со претставници од министерството со цел подобро запознавање со предностите кои ги нуди законот.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Таг:закон за осигурувањеземјоделцилозовомзшвсубвенции
Претходен напис Потпишан договор за грант од Светска банка во рамки на Проектот за модернизација на земјоделството
Следен напис Ковачевски: Субвенциите за земјоделците во 2023 година не се намалени, напротив додадовме 1 милијарда денари за авансна исплата по новиот модел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?