Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Субвенциите за земјоделците во 2023 година не се намалени, напротив додадовме 1 милијарда денари за авансна исплата по новиот модел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Ковачевски: Субвенциите за земјоделците во 2023 година не се намалени, напротив додадовме 1 милијарда денари за авансна исплата по новиот модел
Субвенции

Ковачевски: Субвенциите за земјоделците во 2023 година не се намалени, напротив додадовме 1 милијарда денари за авансна исплата по новиот модел

Објавено 03/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Воопшто не се намалува субвенцијата на земјоделците, туку напротив таа останува иста, а кај некои и ќе се зголеми, оние кои имаат зголемено производство, истакна на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Тој истакна дека за 2023 година ќе се воведе нов систем за субвенции за земјоделци, што се користи во Европската Унија, со кој земјоделците 30 проценти од субвенцијата ќе ја добијат авансно, а остатокот ќе го добијат врз основа на предадено производство.

– Со оглед на тоа што се работи за прва година, не само што не се намалени субвенциите, туку напротив тие се и зголемени. Ние додадовме една милијарда денари дополнително за да може да се исплати авансната исплата за земјоделците со новиот систем на субвенционирање во текот на 2023 година. Воопшто не се намалува субвенцијата на земјоделците туку напротив таа останува иста кај некои и ќе се зголеми, оние кои имаат зголемено производство, а ќе се забрза и исплатата, термински исплатата од 30 проценти ќе се врши пред да се заврши целото производство, рече Ковачевски.

Претседателот на Владата додаде дека реформата е воведена откако Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спровело дискусии и анализи со сите потсекторски групи во Министерството. Тој потенцираше дека ќе се направат и законски измени со цел да се обезбедиме со основни прехранбени производи во државата за 2023 година.

Може да ви се допадне

ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Исплатени 13 925 888 денари на 85 производители на тутун
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ НА ОРГАНСКИ производители на сертифициран материјал, органски производи и насади
Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници за 2026
Претходен напис Земјоделците од Лозово дебатираа за новиот закон за задолжително земјоделско осигурување
Следен напис Извозот на жито од Украина намален за една третина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?