Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат
Агровести

Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат

Објавено 30/01/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На синоќешното Собрание на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Егри, кое се одржа во Битола, со мнозинство гласови сопствениците на земјоделско земјиште го усвоија предлог планот за распределба на земјоделското земјиште, како завршна фаза во постапката за консолидација во катастарската општина Егри. Собранието го организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, надлежно за спроведување на националната политика за консолидација за земјоделско земјиште.

Проектот за консолидација во битолското село Егри, во кој учествуваат 214 сопственици на земјиште, е првиот комплексен консолидационен проект во државата, но и во поширокиот регион. Со помош на овој план за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнија, по принципот на распределба на земјишните парцели сo промена на границите, кој вклучува и интервенции во инфраструктурно подобрување.

Конкретно, во Егри, со консолидацијата, бројот на уситнети парцели се намали за околу три и половина пати. Поточно, почетните 874 парцели се намалува на 260 окрупнети парцели, а просечната големина на парцелите од 0,38 ха пред консолидацијата, се зголеми на околу 1,3 ха по консолидацијата. Или, претходно просечниот број на парцели по сопственик бил повеќе од четири парцели. Сега со консолидацијата просекот е околу една до две парцели на сопственик.

Со овој процес на окрупнување на земјиштето сите новоформирани парцели добиваат правилна форма и поголема површина погодна за земјоделско производство, сообезбеден пристап до патната инфраструктура и системите за наводнување и одводнување. Сите овие придобивки за земјоделците значат помали производствени трошоци, намалување на времето за обработка, можност за примена на современа технологија, што крајно ќе резултира со модерно и конкурентно земјоделско производство.

Дополнително, со проектот за консолидација на земјоделско земјиште во с. Егри, покрај значителното подобрување на земјишната структура, се очекува да се намали ризикот од поплавување на земјоделските површини и штетите кои, поради непостоењето на систем за одводнување, беа редовна појава во изминатите години.

По вчерашното усвојување на планот за распределба на парцелите во Егри, ќе започне процес за регистрација на новоформираните парцели во Катастарот за недвижности и подготовки за инвестиции во подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје. Предвидена е изградба на околу 10 километри нови пристапни патишта и над 9 километри нова мрежа на канали за одводнување и надоградување на системот за наводнување, со средства обедбедени од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија.

Постапката за консолидација во Егри започна во рамки на Програмата за техничка поддршка на ФАО, а продолжи со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамки на тековниот проект МАИНЛАНД спроведуван од ФАО и МЗШВ.

Окрупнувањето на земјоделското земјиште е неопходен процес во насока на подобрување на перформансите и конкурентноста на земјоделскиот сектор и доближување до европските стандарди. Успехот постигнат во Егри и придобивките од окрупнувањето на земјоделското земјиште кои допрва ќе станат реалност зa земјоделците од Егри се очекува да го поттикне интересот за вклучување во процесот и на останатите сопственици на земјиште во другите делови од државата.

Може да ви се допадне

Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
Таг:ЕгриКонсолидација на земјиште
Претходен напис Диље: Контролирана дистрибуција и употреба на пестициди е услов за европските пазари и здравјето на земјоделците и потрошувачите
Следен напис Kопенхаген: Наскоро бесплатно овошје достапно за секој жител на градот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?