Водиме грижа за секој земјоделец и овозможуваме непречена исплата на субвенциите.
Во интерес на земјоделците денес на владина седница беше прифатен мојот предлог за измена на Уредбата за директни плаќања. Измената на Уредбата е во насока да озоможи право за субвенции на сите земјоделци, кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени, или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште.
Земјоделците правото на субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш, по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
