Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Земјоделците контра корона вирусот порачаа: Нивите не чекаат, ги почитуваме препораките на Владата и работиме


Иако корона вирусот е еден од главните проблеми во моментов кај сите нас, нашите земјоделци велат дека тие секоја година се изложени на волјата на природата и дека мораат да продолжат со земјоделските активности.

Ацо Митовски, земјоделец од Крива Паланка, по професија ветеринар, вели дека сега е посебно важно во овој период земјоделците да излезат на нива и да продолжат со активностите на поле.

– „ Вирусот го прави своето но тоа не значи дека треба сите ние, особено оние кои се занимаваме со земјоделско производство, да седнеме дома и да ги оставиме нивите празни. Напротив, работата не смее да чека, тоа што сме планирале да засадиме треба и да го оствариме, идеални се условите надвор, во природа, далеку од градската гужва и комуникацијата со луѓето. “ , смета Митовски.

Тој повика уште еднаш земјоделците да не стравуваат, туку да излезат на нива и да си ги вршат сеидбените активности и другите земјоделски работи, но да се внимава и на хигиената и исхраната.

– „ Многу важна работа со справување со вирусот е одржување на личната хигиена, миење на рацете иако се работи на поле, задолжително носење на повеќе облека, бидејќи високите температури предизвикуваат потење, па потребно е преоблекување во сува и чиста облека што исто така има големо влијание. Важна е и исхраната, чиста и здрава храна и многу течности. Пиење сокови на природна база и задолжително чаеви особено од нане и камилица, тие позитивно влијаат врз нашиот организам“ и задолжителна дистанца од другите, порачува Митовски.

Вирусот според него, ќе помине ама и треба да се јаде, тој за оваа година планира да сади 6 ха со компир и тоа произведен на органски начин, со висок квалитет и здрав за потрошувачите. Вели дека секоја година се занимава со негово производство и дека и оваа година ќе биде така, зашто храната е пред се.

За тоа колку и дали го плаши корона вирусот, лично, но и влијанието врз земјоделските активности го контактиравме и регистрираниот земјоделец Ацо Трајковски од Ранковце. И тој вели дека мора да се работи и нивите не смеат да останат празни.

– „ Досега имам засадено 2 ха пченица во с.Ветуница од која планирам да соберам од 200 до 250 кг по декар, исто така имам засеано и 2,5 ха под јачмен, 1,5 ха детелина а зависно од временските услови планирам да засејам и 3 ха под овес. Закупец сум на земјоделско земјиште и не можам да го оставам незасеано, мора да се произведува“, смета тој.

И Милован Веселиновски од Ранковце вели дека вирусот го има сега, но и не се плаши многу од него, вели дека здравата еколошка средина која ја има овој регион нема да му дозволи да се задржи овде. Според него најдобро се чувствува кога е  на нива па токму ваквиот период е идеален да се излезе на воздух и да се обавуваат земјоделските активности.

– „Оваа производствена година, како индивидуален земјоделец имам засеано 11 ха овес, 2 ха пченица и 2 ха детелина. Во моментов работам на подигање на овошен насад на површина од 1 ха со мешано овошје а во план сум да засеам и 2 ха фасцелија за пчелите“, објасни овој 55 годишен земјоделец.

 Исто така според нашите соговорници следуваат интензивни активности во градинарството и дека мора да се работи на нива, да се пoчитуваат препораките за заштита од корона вирусот и дека сериозните проблеми бараат сериозно решение.

И земјоделецот Антонио Ангеловиќ од Лозово по цел ден е на земјоделските површини. Деновиве на ред дојде ставањето анкери на лозјето, а се подговува и за сеење на сончогледот.

-Мора да работиме, ние од тоа живееме но производството на храна е важно за сите граѓани, особено во вакви вонредни услови каде што се гледа значењето на домашното производство. Дење работиме, а навечер цело семејство седиме дома и гледаме телевизија. Тоа е мора да се почитуваат препораките на Владата за да не се шири болеста – вели за Агротим, Антонио Ангеловиќ.

Во Преспа исто така е работно, овоштарите се во овошните насади, се крои, се подготвува новата реколта.

-Во моментов кројам, за утре планирам да мулчирам, а другата недела ќе почнам со зимско прскање. Нашите насади се многугодишни и мора да се одржуваат – ни изјави Блерим Бесими од Ресен.

Тој додава дека има уште јаболка ајдарет на залиха и дека е сега вистинско време граѓаните да конзумираат овошје и зеленчук за да го подобрат имунитетот . Препораките од Владата ги почитува и се надева дека сето ова ќе заврши брзо и повторно ќе се вратиме во нормалните текови од животот.

Мар 20, 2020agrotim1
Дали ќе се продолжи рокот за апликација за Мерката 1 од ИПАРД 2 програмата?Товарните возила кои немаат дозвола од Санитарниот инспекторат ќе се пропуштаат за влез и излез од државата

Напишете коментар Откажи одговор

20/03/2020 Растително производствовирус, земјоделци, мерки, работење1,413

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019