Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците и откупувачите од Струмичко очекуваат уште една успешна сезона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците и откупувачите од Струмичко очекуваат уште една успешна сезона
АгровестиПазари

Земјоделците и откупувачите од Струмичко очекуваат уште една успешна сезона

Објавено 09/01/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градинарите и откупувачите од Струмичко очекуваат да продолжат позитивните трендови на успешни производствени и откупни сезони и во 2021 година. Се согласуваат дека во изминатата сезона и покрај пандемијата од Ковид-19 откупот и пласманот течеа без проблеми, со исклучок на одделни градинарски култури.

Според оценката на Ристо Велков од Сојуз на синдикати на земјоделци од Струмица, во споредба со повеќе години назад претстојната сезона треба да биде подобра.

-Лани единствено имаше проблем со откупот на пролетната зелка и на некој начин во услови на Ковид-19 сезоната на производство и откуп почна лошо. Но, се бргу се стабилизира. Производите имаа добри цени, а земјоделците беа задоволни, смета Велков.

Според него и годинава може да се случи поголема понуда од пролетна зелка, бидејќи е засадена на поголема површина.

-Тоа е така, бидејќи производителите ја засадуваат повеќе заради тоа што нема поголеми производствени трошоци во споредба со одгледувањето на другите градинарски култури, посочува Велков.

Тој повикува договорите за откуп на градинарските производи од страна на откупувачите да се потпишуваат до крајот на годината или почетокот на идната и пред садење на одредена култура за да може прозиводителот да знае колку да произведе и по која цена ќе му биде откупено.

Производителот на лути пиперки од село Банско, Даме Тренчовски, кој меѓу првите излегува на пазарот, смета дека и годинава не би требало да има проблеми со откупот и пласманот.

За разлика од лани сега имаме појасна слика каква е состојбата на пазарите. Очекувам уште во март и април непречено да оди откупот и по цени кои ќе бидат прифатливи за нас. Со отворање на пазарите и ако се ослободиме од стегите на коронавирусот, тогаш ќе биде уште полесно за нас, производителите. Јас лично очекувам тоа да се случи, рече Тренчовски.

Слично е и мислењето на Ванчо Митев од Здружението „Еко градинар“ од село Добрејци.

-Може да се каже дека ланската сезона беше добра и произведеното се откупи целосно. Очекувам годинава тој тренд да продолжи и единствено стравувам за пласманот на пролетната зелка, која е засадена на поголеми површини од лани, потенцира Митев.

Откупувачите го делат мислењето на земјоделците за успешната сезона.

-Ланската година беше успешна и што е најважно произведеното се продаде, што во суштина е најважно како за нас, така и за градинарите. Доколку во првите месеци од 2021 година не се олабават мерките пласманот на првото производство може да оди тешко. Јас сум оптимист и верувам дека трендот на успешни производствени сезони од аспект на откупот и пласманот ќе продожи, рече Благој Витанов, трговец од Струмица.

И годинава градинарските култури од Струмичкиот регион се очекува да извезуваат на пазарите во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и други земји, а покрај странците големи количини  треба да откупат домашните фабрики.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделсциоткупоткупувачисезонаструмичко
Претходен напис Тутунарите ќе ги решаваат проблемите преку нова средба со институциите и откупувачите
Следен напис Како социјалните мрежи им помогнаа на земјоделските производители во Србија, за време на корона кризата?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?