Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како социјалните мрежи им помогнаа на земјоделските производители во Србија, за време на корона кризата?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како социјалните мрежи им помогнаа на земјоделските производители во Србија, за време на корона кризата?
АгровестиПазари

Како социјалните мрежи им помогнаа на земјоделските производители во Србија, за време на корона кризата?

Објавено 09/01/2021
Сподели
5 мин. за читање
Young farmer working with laptop in farm field with black and white cows
Сподели
Ad imageAd image

За жал, минатата година ќе остане запаметена како година што не им одеше во прилог на земјоделските производители, бидејќи повеќето од нив имаа големи загуби и се чини дека сè беше последица на епидемијата предизвикана од вирусот корона. Сепак, земјоделците во Србија направија сè за да можат барем делумно да ги ублажат загубите што ги претрпеа поради овој вирус, што се чини дека го пороби целиот свет.

Кога беше воведена вонредната состојба, новите регулативи ја оневозможуваа посетата на пазарите – што секако придонесе за лош бизнис, а со тоа и за многу полоша финансиска состојба на многу земјоделски семејства . Минатата година, повеќето од настаните беа откажани (освен они оние што беа организирани во почетокот на 2020 година), па на сите љубителите на добра храна, музика и забава, им беше оневозможено да уживаат во тоа.

Саеми и пазари прку онлајн платформи

Дури и познатиот  саем во Нови Сад се одржа преку Интернет, што секако беше голем предизвик за организаторите. Според податоците на саемот во Нови Сад, кој се одржа на платформата expoonline.rs, учествуваа 205 излагачи од осум земји, а го следеа 73.000 посетители. Во Србија исто така биле одржани 312 Б2Б состаноци и 48 професионални собири на кои присуствувале околу 9000 гледачи.

 Поради пандемијата, земјоделците во Србија се пробивале  на различни начини, многумина се организирале и се појавијле на онлајн пазарите во скоро сите градови. Граѓаните преку платформите можеле да нарачаат овошје, зеленчук, но и други земјоделски производи, кои пристигнуваа на нивната домашна адреса.

 Останатите се рекламирале преку страниците на Фејсбук и на тој начин се обиделе да продаваат и да ги пласираат своите производи. Земјоделците изјавиле дека оваа пандемија им донесе многу несреќи, но од друга страна, тие исто така научиле како да ги пласираат своите производи на Интернет.

Продажба преку социјалните мрежи

Во разговор за Агроклуб, Сузана и Петар Ковачевиќ од истоимената фарма во Беочин, рекле дека продаваат на онлајн пазарите во Ветерник и Футог и планираат да се прошират во Нови Сад.

„Добро е што за време на короната и вонредна состојба, имав Фејсбук страница и вршев постојана испорака, така што не ја почувствувавме премногу големата криза“ рече Ковачевиќ.

Минатата година, семејството Јаничевиќ, кое живее во селото Беревче на Шарпланина, се снаоѓало на различни начини. Тие го произведуваат  познатото шарпланинско сирење и сега го продаваат преку својата веб-страница, а сè до појавувањето на короната, ги изложувале своите производи на саемите во Косово и Метохија.

„Имавме неколку покани за настап и на саемите во Белград и Нови Сад, сепак повеќето од нив беа одложени поради вирусот” рече Јадран Јанишевиќ.

И Дучица Павловиќ од Брус, која произведува зимница, слатка и џемови под брендот „Дудина теглика“, како и повеќето, ја почувствува кризата поради пандемијата. Таа изјави дека  во текот на целата година заработувала на различни начини, бидејќи ниту таа, ниту нејзиниот сопруг не работат, а продажбата на нивните производи е единствениот извор на приход. Павловиќ има своја тезга во Бржеже, а како што вели, поради вонредната состојба, туристите престанаа да доаѓаат, туризмот запре, а со тоа и нивниот бизнис.

Според нејзините зборови, во тој момент финансиски им било многу тешко, но неодамна таа видела групи на социјалните мрежи, па решила да стави оглас, за потоа продажбата повторно да започне , иако во помал обем. Подоцна платила за рекламата на својата страница на Фејсбук и конечно започнала да прифаќа поголеми нарачки.

Како дел од проектот „Чуваркуќа“ биле организирани разни настани насочени кон зајакнување на положбата на жените во селото, а поради пандемијата на корона вирусот, веќе не било можно да се собираат  на ист начин, па затоа Фондацијата 021 го започнала подкастот „Претприемачи“ кој  еднаш месечно  објавувана MultiRadiо.

Се надеваме дека оваа година ќе биде поинаква и дека сите ќе се вратиме на нашите вообичаени активности.

Извор: Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пазариСоцијални мрежисрбија
Претходен напис Земјоделците и откупувачите од Струмичко очекуваат уште една успешна сезона
Следен напис Таан – сконцентрирана моќ на сусамовото семе!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?