Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците бараат од Владата преку Интервентниот фонд, помош по 6-7 денари за килограм произведен сончоглед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците бараат од Владата преку Интервентниот фонд, помош по 6-7 денари за килограм произведен сончоглед
Агровести

Земјоделците бараат од Владата преку Интервентниот фонд, помош по 6-7 денари за килограм произведен сончоглед

Објавено 27/10/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претставници на здружението за производство на сончоглед во најголем број од реонот на Пелагонија на денешната средба со нивниот откупувач велешка АД  „Кристал 1923“ попозната како Маслодајна заеднички се договорија и побараа од Владата поради годинашната суша која за повеќепати им го намали родот, како и намалената окупна цена, да им помогне преку Интервентниот фонд да добијат дополнителни средства по 6-7 денари од килограм произведен и предаден сончоглед,

Извршниот директор на фабриката Горанчо Лазов од свое и име на земјоделците, од Владата побара ДДВ за сончоглед од 10 отсто повторно да биде како досега на 5 проценти. Тие потенцираат дека сончогледот не е луксузен производ туку суровина за производство на сурово масло, кое е од стратешки интерес за земјава.

-Затоа воведувањето на 10 отсто ДДВ на сончогледот е директен удар за фабриката и земјоделците бидејќи ниту сончогледот е луксуз ниту има потреба да се воведе 10 отсто ДДВ на сончоглед, затоа што ДДВ на суровото масло е 5 проценти. Нема никаква логика ДДВ на суровината да биде 10 отсто, кога на суровото масло кое го добиваме ДДВ е  5 отсто, потенцира Лазов.

Тој од  Владата побара да ја преиспита оваа одлука и повторно ДДВ да го врати на 5 посто.

Лазов информира дека веќе се сретнал со министерот за земјоделство и разговарал со него за овој проблем и очекува Владата наскоро да го реши. Според него, овој проблем дирекно го загрозува откупот на сончоглед, а тие засега се единствен откупувач во земјава, и како фабрика веќе 6-7 години прават големи напори да го вратат сончогледот на македонските полиња.

Лазов информира дека лани фабриката „Кристал 1923“ откупила 9.800 тони сончоглед, а годинава поради сушата и намалениот род  само 3.800 тони.

Лани цената била 35, а годинава 20,50 денари за килограм. Тој појасни  дека како компанија  не можат повеќе да им исплатат на земјоделците затоа што конкуренцијата е голема и цената во соседството на пример во  Србија е околу 320 евра, а тие на производителите на сончоглед им исплатите 333 евра.

Земјоделците во поголем број од реонот на Пелагонијата од Прилепско и Битолско побараа од Владата да им излезе во пресрет и да им доплати по 6-7 денари за произведен килограм сончоглед, а со цел и догодина да ја засејат оваа индустриска култура која е сурвина за масло за јадење и од стретешки интерес за земјава.

Миле Кајмакоски, производител на сончоглед од прилепскиот регион на Пелагонија информира дека по барање на нивното здружение дошле кај нивниот откупувач да се договорат и да упатат заеднички барања до Владата

-Минатата година цената беше 35 денари за килограм, а годинава 20,50, тоа покажува дека е  драстично намалена. Директорот информира дека поради рентабилност на фабриката цената е таа, а во опкружувањето цената е приближна. Затоа бараме преку ресорното Министерство за земјделство, шумарство и водостопанство преку Интервентниот фонд да добиеме помош по 6-7 денари по килограм. Инаку споредено со лани состојбата е катастрофална и по приносите и по однос на цената, потенцира Кајмакоски.

Тој произведува сончоглед на површина од 50 хектари, лани остварил принос од 1700, а годинава од 1200 килограми по хектар и е еден од земјоделците кои и покрај сушата сепак успеал да оствари поголем принос.

Сашо Петровски, производителот на сончоглед од Битола и претставник на производителите од Битолско, потенцира дека иако овој регион е најплоден во земјава и годинава приносите се значително намалени.

– Покрај намалените приноси, цената годинава е многу ниска за разлика од лани. Затоа апелираме до ресорното министерство и до Владата да ни излезе во пресрет и да ни помогне преку Интервентниот фонд со 6-7 денари по килограм, побара Петровски од свое и во името на останатите производители на сончоглед од Битолско и од земјава.

Земјоделците посочуваат дека ако Владата не им помогне, догодина нема да засејат сончоглед.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВладатаземјоделцитеИнтервентниот фондпомошсончоглед
Претходен напис Дизелот поевтинува, цените на другите горива не се менуваат
Следен напис Бектеши: Мерката за „гарантирана цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годината, акции и промоции ќе може да имаат сите земјоделски и прехранбени производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?