Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Мерката за „гарантирана цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годината, акции и промоции ќе може да имаат сите земјоделски и прехранбени производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Мерката за „гарантирана цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годината, акции и промоции ќе може да имаат сите земјоделски и прехранбени производи
Агровести

Бектеши: Мерката за „гарантирана цена“ на дел од прехранбените производи ќе важи до крајот на годината, акции и промоции ќе може да имаат сите земјоделски и прехранбени производи

Објавено 27/10/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На предлог на Министерството за економија, на денешната седница Владата донесе Одлука за престанување на важноста на Одлуката за забрана за вршење на трговија на одредена стока, односно забрана на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставање во промет на земјоделски и прехранбени производи.

Исто така Владата донесе и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки сцени за одделни производи на трговија на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на поттрошувачите, според која рокот за важење на оваа одлука се продолжува од 30 ноември до 31 декември, односно до крајот на годината.

Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција овие две одлуки се носат по консултација со бизнис секторот и врз анализи на надлежните институции.

„По широката и конструктивна дискусија со трговците и на мало и големо, како и компаниите за производство на прехранбени производи и претставници на Стопанската комора, за да нема заблуда кај претставниците од секторот трговија, денеска беше целосно укината Одлуката за забрана на акции и промоции. Бидејќи одредени трговци на мало ја толкуваа претходната Одлука дека немаат можност да имаат акции и промоции, сега со последното прецизирање, односно измена и дополнување на Одлуката и производителите и дистрибутерите и трговците ќе имаат можност да ги стават сите земјоделски и прехранбени производи на акција и промоција“ кажа министерот Бектеши.

Во однос на втората Одлука министерот појасни дека податоците на терен покажуваат дека мерката за намалување на цените на основните прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ има простор да важи до крајот на годината.

„Во однос на втората Одлука согласно сите анализи и разговори со Државниот пазарен инспекторат, со Секторот трговија во Министерството за економија, а имајќи во предвид дека е подготвен финалниот текст на Законот за нефер трговски практики, кој треба за кратко време да биде доставен во Собранието, а очекуваме да биде изгласан од пратениците, одлучивме мерката за намалување на цените на дел на основните прехранбени производи, како и знакот „гарантирана цена“, наместо до 30 ноември да важи до крајот на годината. Тоа ќе значи дека потрошувачите ќе бидат заштитени од евентуално повторно зголемување на цените“ кажа министерот Бектеши.

Согласно Одлуката за 10% намалени цени кои што се применувале на 1 август 2023 година во трговија на мало, како и безалкохолни и алкохолни пијалоци ќе важи до 31 декември 2023 година.

Станува збор за следните производи:

1)         ориз бел, во пакување од 900 g до 1 кг;

2)         брашно пченично тип 400 и тип 500;

3)         бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;

4)         други пекарски производи;

5)         бисквити „Petit Beurre” и бисквити обични и посни од 300 до 500 гр;

6)         наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 гр;

7)         тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 гр;

8)         јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;

9)         свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;

10)      мелено месо свинско и јунешко;

11)      пиле свежо или замрзнато (цело);

12)      пилешки стек свеж или замрзнат;

13)      чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;

14)      пилешка посебна салама  (без слајс пакување);

15)      паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр;

16)      трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,  во пакување од 1 л;

17)      јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%,  во пакување од 1  л и 1,5 л;

18)      кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр;

19)      павлака од кравјо млеко  со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр ;

20)      традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);

21)      традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);

22)      свежи јајца од кокошка;

23)     светло пиво во пакување од 0,33l во лименка, 0,5 l во стаклено шише и 1,5 l во

пластично шише и лагер пиво;

24)    газирани и негазирани пијалоци (сокови), со исклучок на енергетски пијалоци и

25)    минерална, газирана и негазирана природна изворска вода.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:„гарантирана цена“акцииБектешипроизводи
Претходен напис Земјоделците бараат од Владата преку Интервентниот фонд, помош по 6-7 денари за килограм произведен сончоглед
Следен напис Во Берово реализирана тактичко-показна вежба „Евакуација и спасување на повредени и загрозени лица од пожар”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?