Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците бараат до 22 денари за пченицата, да нема нови цени на лебот среде откуп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците бараат до 22 денари за пченицата, да нема нови цени на лебот среде откуп
Агровести

Земјоделците бараат до 22 денари за пченицата, да нема нови цени на лебот среде откуп

Објавено 28/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На прагот на жетвата на лебното зрно, Асоцијацијата на земјоделците на Македонија од откупувачите бара цена од 20 до 22 денари за килограм, а доколку среде откуп сакаат да се зголеми цената на лебот, ќе се бара и повисока цена. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ветуваат дополнителни субвенции за есенската сеидба.

Ова од Асоцијацијата го истакнаа на средба вечерва на земјоделците од Пелагониско со министерот за земјоделство Љупчо Николовски одржана во Долненско.

Според Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија разговорите со откупувачите за цената не се почнати.

– Наше барање е дополнителна субвенција за есенската сеидба. Верувам дека ќе најдеме решение и за зелената нафта. Што се однесува до откупната цена на пченицата, исплатлива цена е од 20 до 22 денари за килограм. На пример, ако од еден килограм брашно се произведувата три векни леб или според цената од 40 денари по векна, изнесува 120 денари. Секогаш оди по една третина за една страна. Млинарите, односно откупувачите и производителите на леб да не сфатат посериозно како земјоделци. Бараме од нив да добиеме авансно плаќање на пченицата. Средствата ни се потребни за вештачки ѓубрива, за нафта. Ако инсистираат со уште недооткупена пченица да ја зголемат цената на лебот, тогаш ние ќе останеме на ставот да добиеме една третина од целосната цена на брашното, а тоа се 40 денари. Се уште немаме разговори за цената на пченицата, реалната цена е 20 до 22 денари за килограм откупена пченица. А таа цена ќе зависи од продажната цена на лебот. Ако сакаат да ја зголемат, тоа го прават од нашето производство, изјави Стојкоски.

Министерот Николовски вели дека годинава се очекува прооизводство на ниво на ланското, преку 255 000 тони пченица. Со националната програма за производство на храна се прееземаат сите мерки да се стимулира домашното производство. Нема место за паники, нагласува, а за количествата што ќе се купат за стоковите резерви зависи од ребалансот на буџетот.

– Нашите проценки се дека ќе имаме над 255 000 тони пченица. Тоа е просекот и од лани за 73 000 хектари. Сметам дека поголем дел од потребите задоволуваме, треба да се фокусираме на квалитетот. Очекуваме високи откупни цени поради растот на трошоците и сметаме дека мора да се обезбеди доволно жито за домашните потреби. Тоа се пораките кои ги праќаме и до трговците и до откупувачите. Токму затоа е националниот фонд и интервентниот фонд преку кој доделуваме 50 насто за зелена нафта, 40 насто за поддршка за набавка на вештачки ѓубрива што ќе продолжи како поддршка и во есенската сеидба. Со националниот план целта ни е да станеме што помалку увозно зависни за стратегијските култури и да го зголемиме и да го одржиме домашното производство. Будно ќе ја следиме жетвата на пченицата која ќе почне деновиве. За домашните резерви на пченица, ќе бидат дадени насоки во наредниот период. Откупот за државните резерви зависи од ребалансот на буџетот со кој се предвидени дополнителни 4 милиона евра. Затоа повикуваме ребалансот да биде усвоен за да може да се отворат инструментите за набавка на стоковите резерви, за да може да се исплатат штетите од невремето, субвенциите, за да воведеме авансна сиплата на субвенциите во висина од 30 насто, за да го продолжиме новиот интервентен фонд за набавка на зелена нафта, вештачки ѓубрива. Овој ребаланс направивме да биде за производство на храна за домашните потреби, изјави Николовски. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Земјоделцителеботпченицата
Претходен напис Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции
Следен напис Совети за заштита од оси лете
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?