Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции
Агровести

Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции

Објавено 28/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одговорно водиме грижа за секој земјоделец и преку конкретни мерки даваме поддршка во услови на криза. Успеавме да ги надминеме сите блокади и се донесоа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, каде ја одложивме обврската кон УЈП и целосно ги исплативме субвенциите за тутун, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска на средба со земјоделци во Долнени, која се одржа на барање и во организација на Асоцијацијата на земјоделци.

На состанокот беа презентираа мерките и политиките кои МЗШВ ги има донесено за поддршка на земјоделците, а се дискутираше и за сите прашања и предлози од земјоделците присутни на средбата.

– Конечно 17.000 тутунари на своите сметки ги имаат заслужените субвенции за реколтата 2021 во износ од 1.3 милијарди денари.  Доколку овој закон беше усвоен уште во февруари кога беше поднесен во Собранието и доколку не беше блокиран, овие пари многу порано тутунарите ќе ги имаа на своите сметки, изјави Николовски.

Тој информираше дека со измените кои се извршени на Законот за земјоделство и рурален развој воведена е можност за авансно исплаќање на субвенциите од 30 проценти во рок од 90 дена по аплицирањето. Дополнително, со новиот ребаланс на буџетот за 2022 година предвидени се 2,7 милијарди денари, средства за комплетно исплаќање на редовните и заостанати субвенции кон земјоделците.

– Ги исплаќаме субвенциите и кон сточарите, па така со ребалансот префрламе околу 340 милиони денари на речиси 10.200 одгледувачи на говеда, но и дополнителни 420 милиони денари за предадено млеко во преработувачки капацитети, како мотивирачка мерка за зголемено производство на млеко. Расчистуваме и со заостанатите долгови кон одгледувачите на говеда. Повеќе нема доцнење со исплатата на субвенциите за произведено млеко, а за првпат субвенциите ќе бидат исплатени и во предвидените рокови од Програмата. Ако, на пример, во 2017 година министерството должеше само кон млекопроизводителите цели 9 фази субвенции, со предложениот ребаланс на Буџетот за 2022 година не само што се исплаќаат тековните субвенции, туку целосно се решаваат и заостанатите долгови кон сточарите, појасни министерот Николовски.

По усвојувањето на Ребалансот, следува исплата на 770 милиони денари субвенции кон 3.200 одгледувачи на овци, потоа исплата на околу 66 милиони денари поддршка за 1.800 одгледувачи на кози. Исплата на субвенции е предвидена и за 1.100 одгледувачи на свињи во висина од околу 200 милиони денари. Кај секторот живинарство се предвидени околу 70 милиони денари директна поддршка за бројлери и заклани несилки.

– Го слушаме гласот на земјоделецот и заедно ги креираме мерките водејќи грижа за секој еден земјоделец. Оваа поддршка е од големо значење за земјоделците, но и за домашното земјоделско производство. Грижата за македонскиот земјоделец не смее да биде предмет на блокади и партиски интриги. Земјоделците мора да ги добиваат своите субвенции со цел навремено да започнат со подготовки за ново производство. Секоја блокада значи свесно блокирање на домашното земјоделско производство, а со тоа помалку домашна храна и поскапи производи. Само со заеднички сили можеме интересите на земјоделците да ги ставиме напред, што несомнено е неопходно во услови на светски кризи, потенцираше Николовски.

На средбата министерот Љупчо Николовски беше придружуван од директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, а присуствуваа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскисубвенции
Претходен напис Денеска времето ќе биде сончево и топло, попладне појава на пороен дожд и грмежи
Следен напис Земјоделците бараат до 22 денари за пченицата, да нема нови цени на лебот среде откуп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?