Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјава догодина ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјава догодина ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар
Агровести

Земјава догодина ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

Објавено 21/09/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Меѓународниот балкански вински фестивал што се одржа во Софија од 17 до 19 септември 2020, беше соопштено дека во 2021 година, Меѓународниот балкански вински натпревар ќе се организира во Скопје, со што нашата земја ќе биде домаќин на реномирани меѓународни вински судии и експерти кои ќе го вршат оценувањето на вината што учествуваат на натпреварот.

Балканскиот регион е на петто место во светот според производството на вино, веднаш зад најголемите земји-производители на вино: Италија, Франција, Шпанија и САД. На Меѓународниот балкански вински натпревар годинава учествуваа 100 винарници од балканските земји, кои ги претставија квалитетот и уникатноста на своите вина.

-Чест и задоволство е за нас како здружение и како земја производител на врвно вино да бидеме домаќини на овој меѓународен вински натпревар следната година. Тоа е и во согласност со нашите активности за поинтензивно промовирање на Македонија како земја со долгогодишна традиција и квалитет во производството на вино. Одржувањето на еден ваков натпревар ќе придонесе да се потенцираат потенцијалите на македонското вино. Дополнително, здруженото градење на балкански вински бренд и соработката меѓу земјите во оваа сфера е од голема полза за градење на свесноста за вината од овој дел на Европа и освојувањето на странски пазари, а токму ваков натпревар е одличен инструмент за промоција на балканските вина, изјави директорката на здружението „Вина од Македонија“, Елена Младеновска – Јеленковиќ.

Меѓународниот балкански вински натпревар и фестивал традиционално се одржуваше во Софија, Бугарија, а од годинава беше воведен нов систем на организација на овој значаен вински настан, според кој натпреварот на вината од балканскиот регион секоја година ќе се одржува во различна земја, со цел да се прошири опсегот и да се вклучат сите земји производители на вино од Балканот. Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Македонските винарници постигнаа значителен успех на годинешниот Меѓународен балкански вински натпревар, освојувајќи речиси 50 медали, при што: „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux & Domaines“ освоија вкупно 16 медали, меѓу кои и специјална награда за најдобра автохтона црвена сорта, „Камник“ се закити со 10 медали, како и специјална награда за најдобро црвено вино од Македонија, „Стоби“ беше наградена со 10 медали, „Бовин“ освои пет медали, „Шато Сопот“ доби 3 медали, „Ерос“ освои 3 медали, додека „Марков“ освои еден медал.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Балкански вински натпреварвински судии и експертиВински фестивалДомаќин
Претходен напис Нема да се гради карго аеродромот во Штип, парите ќе се трошат за инфраструктурни проекти
Следен напис Министерот Хоџа на средба со претставничките на Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women).
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?