Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението „Тиквешки семејни винарии“ официјално станува економско-социјален партнер на МЗШВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Здружението „Тиквешки семејни винарии“ официјално станува економско-социјален партнер на МЗШВ
Агровести

Здружението „Тиквешки семејни винарии“ официјално станува економско-социјален партнер на МЗШВ

Објавено 08/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението „Тиквешки семејни винарии” оваа година официјално станува економско-социјален партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, истакна вчера во Кавадарци, Гоце Георгиевски, раководител на рурален развој во Министерството за земјоделство.

Тој присуствуваше на манифестацијата „Ден на станушина” организирана од „Тиквешки семејни винарии”, во чест на единствената автохтона македонска сорта на грозје.

-Последните четири години заедно ја градиме оваа приказна на развој на малите семејни винарии. Колку сме успешни, колку даваме лична професионална заложба за развој на овој потсектор, производството на вино, кажува фактот што до пред само три години, имавме едвај четири регистрирани винарии на територија на општината Кавадарци, денеска броиме над четириесет. Тоа е повеќе од сто пати, нагласи Георгиевски, додавајќи дека заеднички се работи на развивање на програмите што се донесени, со цел да се развие македонскиот вински потенцијал. Се мисли на програмата за мали винарии 2022 година, со доделени 59 грантови со вкупна вредност од околу 600 илјади евра.

Георгиевски соопшти дека годинава исто така во процес на обработка се апликациите за годишната програма, верува дека ќе бидат многу повеќе, по број на добиени грантови и во однос на финансиски средства.

-Нема да застанеме тука. Со официјалното станување на економско социјален партнер, веќе започнуваме една сериозна изградба на стратегија за развој на малите винарии и да се искористи потенцијалот, особено со ваква стара македонска сорта како „станушина”. Таа е единствен пример на сорта што ја има само кај нас и успева и во тешки услови, отпорна е на суша и болести, исто како Македонците, подвлече Георгиевски.

Присутните ги поздрави и секретарот во Локална самоуправа на Кавадарци, Тодор Ефремов, кој информираше дека општината ги поддржува семејните винарии, а со тоа и вековната традиција на производство на грозје и вино во регионот. Иако е од Тиквешијата, тој рече дека повторно е пријатно изненаден од спектарот на вина ,,станушина” и од спектарот на бои, вкусови и мириси.

Претходно, гостите на манифестацијата го посетија Винскиот музеј во Кавадарци. Директорката на Музејот, Весела Честоева ги запозна гостите со богатата и долга традиција на лозарството и винарството во Тиквешијата.

-Лозарството и винарството одамна биле стопански гранки на овие простори. Лозаровинарството има долга традиција во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. Постојат бројни докази за тоа, а меѓу нив се секако и камените корита што се пронајдени на неколку места во Тиквешко, а во кои некогаш се газело и гмечело грозјето, рече, меѓу другото, Честоева, информирајќи за големиот број посетители што доаѓаат да ги видат експонатите, во овој музеј за регионот Тиквеш.

Раскажувајќи ја тиквешката винска приказна, таа нагласи дека целта на музејот е да го презентира богатото културно наследство и да го промовира винскиот туризам.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Тиквешки семејни винарии
Претходен напис (ФОТО) Акција за собирање отпад во националниот парк Шар Планина
Следен напис Прво поскапување на светските цени на храната во април годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?