Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението „Тиквешки семејни винарии“ и годинава организира настан посветен на автохтоната македонска сорта на грозје и вино станушина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Здружението „Тиквешки семејни винарии“ и годинава организира настан посветен на автохтоната македонска сорта на грозје и вино станушина
Саеми и манифестации

Здружението „Тиквешки семејни винарии“ и годинава организира настан посветен на автохтоната македонска сорта на грозје и вино станушина

Објавено 24/04/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението „Тиквешки семејни винарии” и годинава организира настан посветен на автохтоната македонска сорта на грозје и вино „станушина”, информираше денеска за МИА, Горан Јаковлевски, претседател на Здружението. Манифестацијата во чест на сортата што беше пред изумирање, но повторно се врати во лозовите насади, ќе се одржи на 7 мај.

-На програмата, исто како и лани, се две предавања од областа на лозаровинарството, од стручни лица, докажани во овој сектор. Ќе има и дегустација и своевидно спарување на вино „станушина” со македонска храна. Претходно, во агендата ни е и поетско читање во кавадаречката винотека, на тема, вино и поезија, вино и уметност, соопшти Јаковлевски.

Тој нагласи дека благодарение на законските измени, со кои се овозможи регистрирање и полесно функционирање на малите семејни винарии, нивниот број континуирано расте. Притоа додаде дека во здружението, веќе има и членки, фамилијарни винарии од други општини во државата.

-Квалитетот на вината секојдневно расте, а доказ за тоа се бројните награди во земјава и странство, што ги освојуваат вината произведени во малите семејни винарии, рече Јаковлевски.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Николовски ги презентираше мерките за лозарите 2024: Зголемени субвенции, 100% зелена нафта, поддршка за произведено грозје
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:станушинаТиквешки семејни винарии"
Претходен напис Домашното производство во оранжериите и на нивите ја намали цената на краставиците и кромидот
Следен напис Годишно собрание на Национална федерација на фармери
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?