Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението „Пчела“ одбележува 52 години постоење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Здружението „Пчела“ одбележува 52 години постоење
Агровести

Здружението „Пчела“ одбележува 52 години постоење

Објавено 24/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Климатските промени кои драстично го намалија производството на мед се главен проблем за пчеларите, велат од здружението „Пчела“ кое денеска одбележува 52 години од постоењето.

Здружението, и покрај корона пандемијата, реализира низа активности, а го зголемува и членството.

Како што истакнува претседателот Горан Митевски, сѐ поголем е интересот за пчеларството зашто луѓето бараат природна и чиста храна.

„Пчела“ најавува нови проекти за помош на пчеларите преку обезбедување садници за подобрување на пчелната паша, но и предавања со цел привлекување млад кадар.

– За жал, изминативе неколку години се соочивме со климатските промени кои го намалија производство на мед. Сепак, и во земјава и во целиот свет воопшто има сѐ поголем интерес за пчеларството, се бара природна и чиста храна. Тоа го гледаме и преку бројот на членовите на нашето здружение. Имавме 65, а сега сме веќе над 80 членови. Се надеваме дека во 2022 година ќе го зголемиме и овој број, изјави Митевски.

„Пчела“ и покрај пандемијата на ковид, ја организираше традиционалната манифестација „Денови на мед“, но учествуваа мал број излагачи поради недоволните количини мед.

-И покрај лошиот период поради пандемијата, рестрикциите и ограничувањата, здружението успеа да спроведе неколку активности, меѓу кои и изградба на пчелниот парк на градскиот кеј кој е наменет за едукација на општата популација, за значењето на пчелите, биодиверзитетот и за значењето на растенијата. Го реализиравме и вториот проект „Да им помогнеме на пчелите“ финансиран од Владата. Помошта на пчелите ја реализиравме преку пошумување, засадување медоносни дрвја и грмушки, но и преку соодветна прихрана во периоди кога се без храна од природата, нагласи Митевски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пчела
Претходен напис Ново поскапување на горивата
Следен напис МЗШВ: Јавните повици се поништени поради неправилности во постапката, се подготвуваат нови повици, земјоделците ќе можат повторно да аплицираат за истите површини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?