Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Јавните повици се поништени поради неправилности во постапката, се подготвуваат нови повици, земјоделците ќе можат повторно да аплицираат за истите површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > МЗШВ: Јавните повици се поништени поради неправилности во постапката, се подготвуваат нови повици, земјоделците ќе можат повторно да аплицираат за истите површини
Агровест

МЗШВ: Јавните повици се поништени поради неправилности во постапката, се подготвуваат нови повици, земјоделците ќе можат повторно да аплицираат за истите површини

Објавено 24/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Министерството информира дека Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно и законито доделување на државно земјоделско земјиште.

Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставени изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата  за овој јавен повик.

Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката.

Од овие причини, а согласно Законот за земјоделско земјиште, но и заради транспарентна, законита и правична распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, овие два јавни повици се поништени пред стапување во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски.

Актуелниот министер  Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтраснапрентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во најбрз можен рок ќе објави нови Јавни повици за истите региони. Земјоделците кои аплицираа на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно со истите елаборати, да аплицираат за истите земјоделски површини.  МЗШВ апелира земјоделците да не потпаѓаат под манипулативните изјави на Трипуновски. Во последните 4 години, оваа Влада го врати достоинството на земјоделците и покажа што значи правична и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
Таг:земјаземјоделциконцесијаоглассубвенции
Претходен напис Здружението „Пчела“ одбележува 52 години постоење
Следен напис Утрово најстудено во Маврово и Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?