Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здрав и полн арома: Вака се одгледува и размножува циметот!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Здрав и полн арома: Вака се одгледува и размножува циметот!
Растително производство

Здрав и полн арома: Вака се одгледува и размножува циметот!

Последна измена: 24/03/2020 09:26
Сподели
7 мин. за читање
Сподели

Целото дрво цимет се одгледува само за да се употреби неговата сува кора. Многу корисно зачинско растение кое обилно се користи во кујната. Станува збор за тропско растение кое лесно се одгледува, а доколку му се посвети доволно внимание може да се развива и трае со години.

Циметот е добар за одгледување во саксија, а за да не порасне премногу, со кастрење треба да се одржува на висина од еден метар. Тоа е повеќегодишно растение кое секогаш е зелено.

Земја и положба

Земјата директно извадена од градина не е адекватна за одгледување на цимет со оглед на тоа дека нема добра дренажа и дека во себе содржи штетни бактерии. Растението одлично ќе напредува доколку му обезбедите слој хумус од лисја. Доколку се одлучите за одгледување во саксија, измешајте ја земјата со песок за да ги подобрите својствата на земјата. За садење во градина, растението бара барем половина метар квадратен на земјен простор а за садење во внатрешен простор, доволно е и четири пати помалку земја, со препорака pH вредноста на земјиштето да биде 4.5 и 5.5.

Иако растението бара голема изложенсот на сонце, сепак би било добро во текот на топлиот и сушен период на растението да му обезбедите попладневна сенка.

Температура

Циметот е растение кое може да се одгледува како надвор така и внатре но со оглед на потребите кон сонце и топлина, доколку температурата е пониска од 20 степени, подобар избор би бил одгледување во внатрешен простор. Температурите од 27 степени и повеќе му овозможуваат на растението подобар развој.

Ѓубрење на циметот

Како прихрана, на растението е потребно да обезбедите ѓубриво во текот на пролетта и есента. Ѓубривото се расфрла во круг, во подножјето на стеблото на циметот и тоа еднаш неделно во текот на пролетта. После две три години, кога ќе стаса дрвото, потребно е да му се додава повеќе ѓубре.

Наводнување

Бидејќи кога е во прашање растение кое во рпиродата расте во дождливи шуми, обилно полевање е неопходно доколку растението не е изложено на дожд или настапил сушен период. За земјиштето да се одржи влажно, потребно е да се користи мулчирање. За да не се претера со наводнување, се препорачува да се почека земјата да се исуши и да се додадат нови количини нa вода и тоа еднаш неделно. Откако дрвото ќе наполни 3 години, наводнуавњето се проретчува и се врши само во текот на жешките летни денови или во случај на суша.

Сечење

После две години раст на циметот можат да му се пресечат главните стебленца и тоа така со помош на остар нож да се скратат до десетина сантиметри висина. Со ова се дава можност на новите стебленца да растат и растението да се шири кон надвор. Бидејќи полната изложеност на сонце овозможува силно растење, би било добро да се скратат како главните така и споредните гранки.

Размножување на циметот

Циметот може да се размножува како од садница така и од семе. За одгледување на семе, семето е потребно да се исчисти од лушпата, да се исчисти и посади не многу старо бидејќи во спротивно го губи ртењето. Семето проникнува за отприлика три недели. Одгледувањето на ново растение од садница, исто така е едноставна постапката. Потребно е да се одбере здрава садница со должина од триесет сантиметри и од неа да се отстранат лисјата на врвот. Потоа, садницата треба да се посади во саксија наполнета со влажна земја и да се држи на топло и делумно сончево место. Циметот исто така може да се размножуваи со опрашуавње од воздухот. 

Садење од расад

Пред расадување, потребно е да се ископа дупка двојно поголема од коренот на растението. Пред самото садење, благо да се пресече коренот за растението подобро да се прифати. Во ископана дупка за садење да се внесе мешавина на органски материи и суви лисја, а потоа да се постави коренот на растението во дупката и благо да се покрие со земја. По садењето, потребно е растението добро да се залие со вода и да с залева секој ден во текот на наредните две недели.

Време за садење

Растението може да се сади од пролет до есен.

Берење на циметот

После три години, растението е подготвено за берење а од него се бере сувата кора која се користи во исхраната. Зачестеното сечење на стебленцата ќе го забрза нивниот раст а и самата берба. Кората на младите стебленца има мнгоу посилна арома од постарата кора која луѓето сепак со задоволство ја употребуваат во бројните рецепти.

Кората која е отстранета од стебленцата потребно е да се држи на отворено, топло и проветрено место, а таа ќе се свитка откако целосно ќе се исуши. После тоа, подготвена е за употреба како зачин.

Штетници и болести

Иако циметот се користи како природно средство против разни видови на инсекти, многу инсекти и болести можат да наштетат на ова растение. Во Азија, растението најмногу го загрозуваат вошки, гасеници и црви. Штетниците ги загрозуваат како лисјата така и кроата, но со употреба на природни пестициди можно е да се уништат, со третман по површината на гранките. Вообичаено заболување се сиви точки на листот додека црвеното заболување ги напаѓа стебленцата цимет. Се препорачува да се користат фунгициди за да се контролираат точките на листот а за заболувања на кората најдобар начин е отстранување на забоелните делови и нивно уништување.

Извор: Agromedia.rs

Може да ви се допадне

До 1000 евра за килограм: Дивиот „зеленчук“ кој расте како луд во Србија се повеќе се бара кај гурманите
Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Од органски јагоди заработува 1.600 динари за килограм: Бербата во овоштарниците на Анабел е во полн ек
Во потрошувачката кошничка ќе бидат најзастапени овошје и зеленчук од домашно производство
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Таг:обработкапроизводствоциметчување
Претходен напис Николовска: Време е за солидарност, доверба и точни информации
Следен напис Агрометеоролошка состојба во државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?