Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши распитот на сточарот Мачевски, најави тужби за нарушен углед!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заврши распитот на сточарот Мачевски, најави тужби за нарушен углед!
Агровести

Заврши распитот на сточарот Мачевски, најави тужби за нарушен углед!

Објавено 09/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По завршениот распит во полицијата, сточарот Александар Мачевски потврди дека ќе поднесе кривична пријава против Анима Мунди и против лице кое на фејсбук упатило бројни навреди против него по случајот со видеото за кое Анима Мунди претходно излезе со обвинување за малтретирање невино животно во домот на Мачевски со што како што вели самиот сточар нанесена е огромна штета по угледот на семејството.

Мачевски во изјава за порталот Делчево 365 истакна дека иако фокусот на здружението бил кон инспекторот, сепак со ,,самото” инволвирање на неговото семејство, е нанесена огромна штета врз угледот на семејството заради што ќе следува пријава до Здружението, а дополнително за навреди упатени лично кон него, ќе биде поднесена пријава и до поединец од Берово кој навредите кон Мачевски ги упатил на социјалните мрежи.

За потсетување Мачевски минатиот петок постигна добра цена за продаденото јагне, заради што вечерта организираше прослава во знак на благодарност до сите кои му помогнаа продажбата успешно да се реализира. Со цел наредната година да биде поуспешна, во неговиот дом беше изведен стар обичај, кој бидејки беше снимен со мобилен телефон беше окарактеризиран како повреда на невино животно од страна на здружението и притоа инспектор за благосостојба на животните кој присуствувал на прославата беше обвинет дека не го заштитил животното. Како што ни потврди самиот сточар пријава до здружението ќе следува и од самиот инспектор.

Претходно како што објави Тв Нова, од Анима Мунди истакнаа дека не планираат да му се извинат на сточарот од село Робово, бидејки за нивниот фокус бил инспекторот на Агенцијата за храна и ветеринарство кој наместо да санкционира, славел, а не самиот овчар, напоменувајки дека од она што било снимено на видеото домашното животно било малтретирано.

Инаку, семејството Мачевски како што и претходно напоменавме со сточарство се занимава од 2006 година и меѓу сточарите се познати како вредни луѓе и сточари кои ги сакаат домашните животни. Токму поради ова Мачевски ја имаа поддршката од цела Македонија, а најмногу од сточарите од Малешевијата и пошироко кои цврсто застанаа во одбрана на вредниот сточар и неговото семејство.

Извор – Делчево 365

Може да ви се допадне

Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Таг:еумзшвфокус
Претходен напис Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции
Следен напис Висина на субвенции за одгледување пчелни семејства за 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?