Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заврши откупот на јагне во Кичевско, откупени се околу 12.000 јагниња
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Заврши откупот на јагне во Кичевско, откупени се околу 12.000 јагниња
Пазари

Заврши откупот на јагне во Кичевско, откупени се околу 12.000 јагниња

Објавено 13/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нешто подоцна од вообичаеното заврши откупот на годинешното јагне во Кичевско. Најголеми количини од овој регион беа пласирани на италијанскиот и нешто помалку на хрватскиот пазар. Бидејќи католичкиот Велигден беше нешто подоцна, тежината на годинешното јагне беше поголема, што влијаеше и врз откупната цена која е помала, а откупени се околу 12000 јагниња.

Претседателот на Здружението на сточари во општина Кичево, Ајрадин Бајрами потсети дека јагнето со помала тежина до 25 килограми било повеќе барано и пласирано на италијанскиот пазар, додека јагнето од 26 до 30 килограми претежно било пласирано на хрватскиот пазар.

-Откупот на годинешното јагне во нашиот регион заврши нешто подоцна, поради периодот на католички Велигден. Токму тоа беше причината повеќето јагниња да имаат поголема тежина од оптималната за да можат да бидат пласирани на италијанскиот пазар. Цената за еден килограм жива мера се движеше од 160 до 175 денари, која е слична на откупната цена од претходните години. Годинава од нашиот регион се откупени околу 12 000  јагниња – рече претседателот Бајрами.

Тој потенцира дека откупната цена со години не е зголемена, додека храната за овците само годинава е зголемена за повеќе од двојно.

-Сточарите во нашиот регион не се задоволни од откупната цена, бидејќи цената на основниот продукт, крмата, ланска година за еден килограм изнесуваше 10 денари, а годинава се продава по цена од 20-25 денари. Затоа реалната откупна цена на кичевското јагне, кое е од прва класа, не треба да биде пониска од 250 денари. Дестимулативната откупна цена и задоцнетата исплата на субвенциите кои се уште не ги добиле сточарите придонесуваат од година во година бројот на овци во нашиот регион да биде се помал и помал – изјави  Бајрами за МИА.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Се следи откупот на оризовата арпа, никогаш оризопроизводителите не биле оставени сами на себе
(ВИДЕО) Милан Сековски од село Долно Чичево: Животот ни се овците, а за едно јагне помалку, не ни даваат субвенции!
(ВИДЕО) На сточарите не им е јасно зошто само за нив нема субвенции?
Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа
Откупот на тутунот заврши, од 15 јануари ќе се договараат цени за новата реколта
Таг:јагнекичевскооткупот
Претходен напис Млади иноватори од Скопје експериментираат со брашнарски црви кои јадат стиропор за добивање на органско ѓубриво
Следен напис (ФОТО) Започна со работа новиот зелен пазар во Кавадарци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?