Триестина години наназад, се веруваше дека на житните култури не им треба заштита, но во пракса, посебно последните години, не е баш така. Времето се менува, а со него и навиките. За да добиеме квалитетно производство на житните култури, треба добро да се познава технологијата на производство, која подразбира висока агротехника (подготовка на почва, користење на здрав семенски материјал кој е добро заштитен со квалитетни фунгициди, сеидба која ќе овозможи добар склоп, заштита на растенијата од плевели, болести и штетници).
Зошто треба да ги заштитиме житните култури?
Климата, времето, одгледувањето во монокултура е причината зошто треба да ги заштитиме житариците од болести. Праксата од поразвиените земји покажува дека житните култури треба да се штитат од болести најмалку двапати во текот на вегетацијата и тоа:
Прва заштита на житните култури: Се изведува рано напролет
На почеток на пролетта обично житарките се наѓубрени со азот, често и повеќе отколку што е потребно. Тој период се поклопува со повисоки температури и влага во земјата, што доведува до брз пораст во висина. Во тој период во долните спратови на житата се јавува атмосфера што е заситена со влага, која во комбинација со повисоката температура дава идеални услови за развој на болести, плевели и штетници.
Во наши услови се јавуваат три групи на болести, кои во првиот дел од вегетацијата се најопасни. Сите три болести се јавуваат речиси истовремено и ако се задржи времето влажно, како што е оваа година, можат да предизвикаат големи штети.
Пепелницата (Erysiphe graminis) се јавува секоја година обично на ниските спратови, и ако го зафати листот „заставичар“ и после него класот, може да предизвика огромни штети, па затоа треба да биде контролирана.
Рѓа се јавува кога имаме влажно време. Жолтата рѓа (Puccinia striiformis) е опасна бидејќи прави рани во вид на пеги со рѓава боја на листот, преку кој растението губи вода. Треба да се спомне дека посебни штети прави црната рѓа (Puccinia recondita), бидејќи ги напаѓа и листот и стеблото.
Пегавост на листот и стеблото (Septoria tritici) е болест која го лимитира приносот и прави големи штети
Втора заштита на житни култури: Половина на месец мај, против болеста која е позната како фузариум на класот (Fusarium spp.). Тоа е габично заболување, кое може да го намали приносот и за 20%. Болеста се јавува и го почнува својот развој во периодот на цветање на житарките. Болеста са развива на млечните зрна на житарките, а подоцна мицелиумот се шири на останатите зрна од класот. Во најлош случај може да го зарази и целиот клас. Заразаните зрна се штури и имаат розева навлака. Болеста се јавува секоја година, а поинтензивна е во дождливи години.
Оваа година, Priaxor® ќе биде нашиот „адут“ за заштита на пченицата во првиот третман. Тоа е нов фунгицид, со две активни супстанции со исклучителна ефикасност на болести. Едната активна материја е нова активна материја Xemium®, а другата е Piraklostrobin, која дава AgSelence (буен ефект на растенијата).
Xemium® со своето дејствување од ефикасноста значително ги надминува сите досега познати активни супстанции од групата SDHI и има неверојатно силен физиолошки ефект.
Дозата на користење е 0,8 – 1 l/ha.



„Хемомак Пестициди“
Дипл. зем. инж. Панде Петровски