Градинарските култури најчесто се одгледуваат со производство на расад. Во производството на расад од градинарски култури се јавуваат неколку фитопатогени болести, кои доколку не се преземат соодветни мерки за нивна контрола, може да предизвикаат големи загуби.
Како најзначајна болест која ги паразитира младите растенија е причинителот на полегнување на расадот, палеж на клианците и трулеж на семето, Pythium sp..
Почетните симптомите на заразените растенија се во вид на воденести дамки, кои брзо се прошируваат, заразените клетки угинуваат, и целото растение пропаѓа брзо после никнувањето. До инфекција на растенијата најчесто доаѓа преку коренот или стеблото под површината на почвата. Заразениот дел на стеблото е потанок од здравиот што доведува до механичко слабеење и полегнување на растенијата.
Покрај видовите од родот Pythium, многу често во производството на расад од градинарски култури, видовите од родот Phytophtora може да бидат причинители на полегнување, пропаѓање и угинување на младите растенија.
За сузбивање на овие две болести го препорачуваме фунгицидот PROMESS (propamocarb-hydrochloridе) или комбинираниот фунгицид AXIDOR (propamocarb-hydrochloridе+cimoxanil).
Покрај Pythium sp. и Phytophtora sp. постојат и други фитопатогени габи кои може да предизвикаат полегнување и гниење на младите растенија. Тоа се Botritys cinerea, Macrophomina phaseolina, Rhizoctonia solani, Fusarium sp.. Заради проширување на спектарот на делување и кон овие фитопатогени габи, препорачуваме употреба на фунгицидот SIGNUM 33 WG (pyraclostrobin + boscalid).
За целосна контрола на болестите во производството на расад од градинарски култури препорачуваме залевање на растенијата со комбинација помеѓу фунгицидите PROMESS 0,25% + SIGNUM 33WG 0,1% или AXIDOR 0,3% + SIGNUM 33 WG 0,1%. Притоа, за ефикасна контрола на овие болести потребни се 2 до 3 залевања со наведените фунгициди. Првото залевање е потребно да се направи после сеидбата на семето, второто кога ќе се појави првиот вистински лист, и третото пред расадување на растенијата на постојано место.
Штетните инсекти може да ги нападнат градинарските култури уште при производството на расад. Од штетните инсекти, во производството на расад од најголемо значење се лисните вошки, белокрилки, трипси и гасеници на пеперутки.
За сузбивање на лисните вошки и белокрилките препорачуваме примена на еден од инсектицидите CLOSER 120 SC (sulfoxaflor) или TEPPEKI 500 WG (flonicamid), додека за сузбивање на трипсите и гасениците на пеперутки инсектицидот SPINTOR 240 SC (spinosad) кој е дозволен за примена и во органско производство. За целосна контрола на штетните инсекти во производството на расад препорачуваме комбинација помеѓу инсектицидите CLOSER 120 SC 0,04% + SPINTOR 240 SC 0,05% или TEPPEKI 500 WG 0,014% + SPINTOR 240 SC 0,05%. Притоа инсектицидите се применуваат фолијарно, со прскање.
За прихрана на младите растенија го препорачуваме биостимулаторот GOTEO. Во својот состав содржи екстракт од морската алга Ascophylum nodosum, 13% фосфор и 5% калиум. Предностите од примената на овој биостимулатор се повеќекратни, и тоа подобро вкоренување на растенијата, подобар развој на кореновиот систем со што се подобрува усвојувањето на водата и хранливите материи, брз пораст на надземниот дел на растението и поголема отпорност на неповолни временски услови. GOTEO може да се меша со фунгициди и инсектициди, и наша препорака е да се применува со залевање заедно со фунгицидите, и тоа: GOTEO 0,4% + PROMESS 0,25% + SIGNUM 33 WG 0,1% или GOTEO 0,4% + AXIDOR 0,3% + SIGNUM 33 WG 0,1%.
После расадувањето на младите растенија, потребно е да се продолжи со заштита од болести и штетници. За сузбивање на болестите после расадување препорачуваме комбинација од фунгицидите VALIS M (valifenalate+mancozeb) или PROFILUX (cimoxanil + mancozeb) + EMINENT 125 ME (tetraconazole) или SERCADIS PLUS (fluxapiroxad+difenoconazole), а за сузбивање на штетните инсекти SPINTOR 240 SC + CLOSER 120 SC.
Заштита од болести + прихрана | Заштита од штетни инсекти |
PROMESS 25 ml/10 L вода или AXIDOR 30 ml/10L вода + SIGNUM 33 WG 10g/10 L вода + GOTEO 40 ml/10 L вода (примена со залевање) | CLOSER 120 SC 4 ml/10 L вода или TEPPEKI 500 WG 1,4 g/10 L вода + SPINTOR 240 SC 5 ml/10 L вода (фолијарна примена, со прскање) |
Заштита од болести и штетници после расадување | |
PROFILUX 25 g/10 L вода или VALIS M 25 g/10 L вода + EMINENT 125 ME 4 ml/ 10 L вода или SERCADIS PLUS 10 ml/10 L вода + SPINTOR 240 SC 5 ml/10 L вода + CLOSER 120 SC 4 ml/10 L вода |
Подготовил: м-р Васко Манев
„ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“
Телефони: +389 43 212 552; +389 43 212 553 Email: [email protected]
Напишете коментар