Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заседанија на советите за надворешни работи и за земјоделство на ЕУ 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заседанија на советите за надворешни работи и за земјоделство на ЕУ 
Агровести

Заседанија на советите за надворешни работи и за земјоделство на ЕУ 

Објавено 23/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на Самитот на ЕУ, што ќе се одржи во Брисел во четврток и петок, Луксембург ќе биде домаќин на три заседанија на министерски Совети на Унијата. 

За денеска е закажана седницата на Советот за надворешни работи, како и почетокот на дводневното заседание на Советот за земјоделство и рибарство. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на заседанието на Советот за надворешни работи, со кое ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, шефовите на дипломатиите на членките на Унијата ќе расправаат за ситуацијата во Израел и регионот на Блискиот Исток, по „бруталните и неселективни терористички напади на Хамас врз Израел“, како за „настаните што се случуваат во Газа“. 

 Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, попладнево се соочи со гневот на европратениците поради неговата посета на Москва минатата недела, тој прифати некои од забеле

Покрај ова, на Советот ќе се дискутира и за руската агресија врз Украина, со фокус на безбедносните обврски на ЕУ, а ќе бидат разменети мислења и за случувањата поврзани со Ерменија и Азербејџан. 

По завршувањето на заседанието, ќе се одржи 20-от состанок на Советот за соработка ЕУ-Казахстан, со кој ќе претседава шпанскиот министер за надворешни работи, ЕУ и соработка, Хозе Мануел Албарес, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. 

На Советот за земјоделство и рибарство, министрите на членките на ЕУ задолжени за овие два ресори ќе разговараат за влијанието на руската агресија на Украина врз прехранбените производи и земјоделскиот сектор на Унијата. На почетокот на расправата на Советот ќе учествува и украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солски. 

Во продолжение на Советот ќе се дебатира и за предлозите на Европската комисија за измени на Рамковната директива за отпад, во делот поврзан со храната, како и за предложениот план за риболов во Балтичкото Море за следната година. 

Франција денеска ја обвини Велика Британија дека игра политички игри со правата на риболов по Брегзит, откако Лондон и островот Џерси одбија да издадат дозволи за десетици француски бродови з

Министрите ќе разменат мислења и за насоките што ќе и бидат дадени на Европската комисија за позицијата на ЕУ за годишниот состанок на Меѓународната комисија за зачувување на атлантската туна (ИЦЦАТ), што ќе се одржи од 13 до 20 ноември, како и за влијанието на одредбите за ограничување на јаглеродот врз шумарството и земјоделскиот сектор. 

Утре, Луксембург ќе биде домаќин и на Советот за општи работи на кој главна тема на претставниците на земјите членки ќе бидат подготовките за претстојниот Самит на ЕУ. 

Дополнително, тие ќе ги разгледаат и извештаите за владеењето на правото во Данска, Германија, Естонија, Ирска и Грција, а ќе разменат мислење и за предлогот на Еврокомисијата за мерките за справување со демографските промени во Унијата. 

Шпанија денеска го презема од Шведска ротирачкото претседавање со Советот на Евопската унија. Новото шпанско претседателство соопшти дека првата нивна активност е посетата на премиерот Педро

Тема на дневен ред ќе биде и проценката во напредокот поврзан со барањето на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик за службени јазици на ЕУ. 

Ден пред Самитот, в среда во Брисел ќе се одржи на Трипартитниот социјален самит на лидерите на институциите на ЕУ со социјалните партнери, со кој ќе копретседаваат претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен. 

Според се уште неофицијалниот дневен ред за Самитот на ЕУ, шефовите на држави или влади на членките на Унијата треба да расправаат за настаните на Блискиот Исток поврзани со конфликтот меѓу Израел и Хамас, случувањата околу Украина, за Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027, за состојбите во европската економија и за прашањата поврзани со миграцијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕУЗаседанијаземјоделствонадворешни работисоветите
Претходен напис Сончево со слаб ветер, температура до 27 степени
Следен напис Дали знаете колку цвеќиња се потребни за едно шишенце парфем „Шанел 5“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?