Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Засадете ја црешата откако ќе паднат лисјата, но пред зимските мразови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Засадете ја црешата откако ќе паднат лисјата, но пред зимските мразови
Растително производство

Засадете ја црешата откако ќе паднат лисјата, но пред зимските мразови

Објавено 18/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Црешите се омилено рано овошје. Постојат повеќе од 2.000 сорти кои се разликуваат во времето на зреење, бојата, големината и блажината на плодот.

Поризично е да се засади во пролет

Садење садници од цреша се врши во текот на есента и во рана пролет. Сепак, подобро е да се избере есенскиот термин, кој се изведува по паѓањето на лисјата и пред почетокот на зимските мразови. Коренот на садниците што ги садиме во текот на есента има повеќе влага и подобро се вкоренува, се формираат нови жили кои се активираат во пролетта кога почвата доволно се загрева. До пролет, тие се прилагодуваат на условите на новата средина, и бидејќи се веќе вкоренети, растат побрзо и се развиваат подобро.

Кога оваа операција се изведува во пролет, тоа е поризично. Во исто време, расадот мора да се прилагоди на новите услови, да се вкорени и да почне да расте.

Садење

Пред да започнете со работа, одберете сончев ден без дожд и ветер. Температурата на воздухот треба да биде над 10°С. Исто така, внимателно изберете го местото на садење. Црешата сака сончеви места, но заштитени од силни ветрови. Јужните падини најмногу ѝ одговараат. Не поднесува сенка. Земјиштето треба да биде со неутрална pH реакција, ровко и растресито. Црешата не толерира мочурливи, студени и тешки почви. Изберете квалитетни садници за садење.

Пред да ги засадите, отсечете ги врвовите на коренот и скршените коренчиња. На овој начин ќе го поттикнете растот на нови корени. Добро е неколку часа пред садењето коренот да се потопи во раствор од арско ѓубриво, иловица и вода.

Ископаната дупка за садење треба да биде 50 сантиметри длабока и 70 см широка. На дното се додава органско ѓубриво, пепел и сѐ се меша со почвата. Над тој слој се додава тенок слој почва и се става садницата. За време на затрупувањето, се протресува садницата така што почвата го исполнува просторот помеѓу коренските вени. Ова ќе спречи формирање воздушни џебови што може да доведе до негово пропаѓање.

Внимавајте да не ја засадите садницата на црешата премногу длабоко. Оптимално е да биде на иста длабочина на која растела садницата, што може да се види на кореновиот врат. По садењето, се залева со две до четири кофи вода. Количината на вода зависи од влажноста на почвата.

До садницата ставете колче за кое ќе ја врзете да стои цврсто за ветрот да не ја искириви или скрши.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Србија: Се очекува 1.5 милиони тони овошје – кајсиите и црешите никогаш не биле подобри
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:цреша
Претходен напис Каде и како правилно се чува медот и која е најдобрата температура за негово чување
Следен напис Вака правилно се кисели зелка – Стар рецепт кој им успева и на почетниците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?