Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Компанијата „Кристал 1923“ од Велес и „Биспромет Агроцентар“ од Битола, започнаа кампања за договорно производство на СОНЧОГЛЕД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Компанијата „Кристал 1923“ од Велес и „Биспромет Агроцентар“ од Битола, започнаа кампања за договорно производство на СОНЧОГЛЕД
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Компанијата „Кристал 1923“ од Велес и „Биспромет Агроцентар“ од Битола, започнаа кампања за договорно производство на СОНЧОГЛЕД

Објавено 16/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Договорното производство е најдоброто решение за земјоделците и откупувачите бидејќи на тој начин ќе има решен пласман и сигурна суровина.

Овој модел на производство не е нов, но стана актуелен пред 3 години кога се интензивираше соработката меѓу земјоделците производители на сончоглед и фабриката за масло „Благој Ѓорев“, со ново име сега „Кристал 1923“.

Иако почна скромно и со недоверба, сериозноста на двете страни, земјоделците и откупувачот доведе до резултати и три пати зголемено производство на домашен индустриски сончоглед.

Годинава, ова договорно производство уште повеќе станува важно поради светската криза, најнапред од Ковид а сега и од војната во Украина, најголемиот производител на сончоглед во светот. Се покажа дека домашното производство е најсигурно и токму затоа компанијата „Кристал 1923“ во соработка со Биспромет Агроцентар од Битола, ја интезивираат соработката и настојуваат што повеќе земјоделци да насеат сончоглед.

-Ги охрабрувам земјоделците да насеат сончоглед затоа што ќе имаме голема побарувачка а со тоа и цената ќе биде висока, со што тие добро ќе заработат. Како и секоја година ќе склучуваме договори за откуп, а сите други детали важни за земјоделците ќе бидат претходно познати – изјави за Агротим, директорот на „Кристал 1923“ , Горанчо Лазов.

Во таа насока се нудат и поволности со цел да им се помогне на земјоделците.

-„Биспромет Агроцентар“ од Битола во соработка со „Кристал“ од Велес е спремен да помогне во делот на набавка на високоолеински хибриди на семе за сончоглед како и средства за заштита од плевели и болести на сончогелдот. Истите ќе бидат платени со склучен договор со фабриката Кристал при откуп на сончогледот – изјави Никола Ѓеровски, директор на „Биспромет Агроцентар“.

И двајцата директори се на став дека оваа година, следејќи ги светските берзи маслото за јадење ќе биде скапо, а исто така ќе има и недостиг на суровина поради војната во Украина па треба да се очекува добра цена на сончогледот но и на сите житни култури.

Очекуваат поддршка и од Владата во овој важен процес, да се насее и да се обезбеди поголемо домашно производство, а со тоа и сигурност за граѓаните за основните прехрамбени артикли.

Повеќе информации околу склучувањето на договорите и набавка на семе на телефон 075 207 095 – „Биспромет Агроцентар„

075 493 949 – „Кристал 1923“ – Велес

Може да ви се допадне

Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Во Велес засадени над 3.000 садници по повод Денот на Европа
Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Таг:агроцентарбитолаБлагој ЃоревВелескомпанијаоткупсончоглед
Претходен напис Собранието изгласа – 330 илјади пензионери добиваат нова методологија за раст на пензиите и по 1000 денари следните три месеци
Следен напис Времето денеска променливо облачно со локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?