Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна проектот „Зелена Општина Илинден“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започна проектот „Зелена Општина Илинден“
Агровести

Започна проектот „Зелена Општина Илинден“

Објавено 01/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со засадување на листопадни високорастечки садници, Општина Илинден почна со реализација на еколошката акција за озеленување на повеќе локации во урбаниот дел на Општината, во рамки на проектот „Зелена општина Илинден”.

Акцијата е спроведена во соработка со ЈКП „Илинден” и ЈКП „Водовод”, како и општествено одговорни компании од бизнис-секторот, а целта е да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, со реализацијата на проектот „Зелена Општина Илинден” се залагаат за еколошки почиста општина, како и подигнување на еколошката свест и подобрување на амбиенталниот воздух на граѓаните во Илинден.

Градоначалникот Георгиевски воедно упати голема благодарност до бизнис секторот, односно до општествено одговорните компании, кои со нивната донација ја потпомогнаа реализацијата на оваа еколошка акција.

– Заштитата на животната средина претставува еден од врвните приоритети со кои сакаме да постигнеме не само заштита на прирoдата, туку пред се одржливо користење на природните ресурси на Македонија. Заштитата и унапредувањето на животната средина и природата е едно од основните права, но и обврски на граѓаните, изјави Георгиевски.

Според него, грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Општина Илинден
Претходен напис На 3 и 4 декември во Битола ќе се одржи Винскиот салон – Slow Wine 2021
Следен напис Сообраќајот по наместа влажни коловози, на планинските превои има остатоци од кашест снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?