Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го отвори системот за пријавување на дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Сите земјоделски производители кои имаат остварено, предадено или складирано производство во 2024 година може истото да го пријават преку системот за Директни плаќања по основ на 8 мерки:
1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед, маслодајна репка и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и запотребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
Корисници на оваа подмерка се иземјоделските стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваауредба, кои имаат засеани површини со афион во есен 2023 година и пролет2024 година, имаат одобрение за производство на афион согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и оствареното производство од афионова чушка од реколта 2024 година го продале во регистрирано откупно претпријатие запишано во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи наживотни во Агенцијата за храна иветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 хектари: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки;
Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион и
Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, сончоглед и маслодајна репка е 6000 ден по хектар, за јачмен е 12 000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар.
1.5 Дополнителни директни плаќања подмерка 1.4 за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини со домат, пиперка, од домат пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и краставица, корнишон, зелка, компир на отворено и на оваа уредба, а оствареното во пластеници производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар;
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 20.000денари по хектар и
-Висината на поддршката од алинеа 2 на оваа подмерка е условена со минимални просечни приноси и тоа: 20.000 кг./ха за домат, пиперка 15.000 кг./ха, краставица 30.000 кг./ха, корнишон 30.000 кг/ха, зелка 30.000 кг./ха, гравграв 1.000 кг./ха и компир 15.000 кг./ха.
1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарски култури предадени во преработувачки капацитет.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат градинарски култури засадени површини со градинарски предадени во преработувачки култури и се корисници од подмерка капацитети 1.4. на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сорта куртовска капија каде висината на директните плаќања изнесува 5 денари по килограм за предадените количини во период мај јуни 2024 година и ноември-декември
2024 година и Максималните приноси на одделните градинарски култури за реализација на оваа подмерка се дадени во Прилог 4 на оваа уредба.
1.9 Дополнителни директни од подмерка 1.8 за остварено производство на овошје.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, се корисници на подмерката 1.8. од оваа уредба, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар;
-Висината на дополнителните директни плаќања за јаболко изнесува 30.000 денари на хектар;
-Висината на дополнителните директни плаќања за слива и праска изнесува 25.000 денари на хектар;-Висината на дополнителните директниплаќања за вишна, цреша, кајсија и круша изнесува 22.000 денари на хектар;
-Висината на дополнителните директни плаќања за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари на хектар и
-Висината на поддршката од алинеите 2, 3, 4 и 5 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавенитеповршини и тоа: од 0,2 ха до 5 ха 100%,од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30%.
1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачкi капацитети
-Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.8. од оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
-Оствареното производство на праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година, вклучително произведените количини за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишаниво
Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка.
1.12 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.11. за остварено производство на грозје
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 1.11 од оваа
уредба, а оствареното производство на грозје е предадено на регистриран откупувач вклучително и
произведеното грозје за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или производството е користено за домашни потреби или е продадено на пазар;
-Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 28.000 денари по хектар односно 48.000 денари похектар за семејни земјоделски стопанства кои го произвеле и продале винското грозје
врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино најдоцна до 30.04.2024 година со
принос од најмногу 10.000 кг по хектар и исплатена цена по кг непониска од 35 денари и
-Висината на поддршката од алинејата 2 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 хектари 30% збирно за сите сорти.
2.18 Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.17. за пчелни семејства вклучениво
селекција за производство на пчелни матици
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистерот на одгледувалишта на пчели и се регистрирани одгледувалишта на пчелни матици или се нивни членови и
-Висината на директните плаќања изнесува 2.000денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици
2.19 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед.
– Корисници на оваа подмерка се лабораториска анализа на земјоделските стопанства кои се физички и хемиски својства запишани во Регистерот на на мед одгледувалишта на пчели и поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства и
-Висината на директните плаќања изнесува 50% од трошоците за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед направена еднаш во 2024 година.
Рокот за поднесување на барањата за дополнителните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството е до 25 декамври 2024 година.