Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Западна Африка се соочува со историски недостиг на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Западна Африка се соочува со историски недостиг на храна
Агровести

Западна Африка се соочува со историски недостиг на храна

Објавено 05/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Западноафриканскиот регион историски гледано се соочува со најголем недостиг на храна, поттикнат од регионалните конфликти, сушата, но и влијанието на украинската војна врз цените и достапноста на храната, соопштија хуманитарните агенции.

Во регионот има околу 27 милиони гладни, а тој број до јуни би можел да се зголеми на 38 милиони, што е за 40 отсто повеќе од минатата година и историски максимум, се наведува во заедничката изјава на 11 меѓународни хуманитарни организации. Големи делови од Западна Африка, вклучително и делови од Буркина Фасо, Мали, Нигер и Нигерија, се соочуваат со исламистички бунт поради кој досега се протерани милиони луѓе. Заедно со Чад тоа се земјите најпогодени од глад.

Регионот се соочува и со големи поплави и суши поради климатските промени, што ја отежнува работата на земјоделците. Производство на житни култури во 2021/2022 година година во Нигер опадна за 39 отсто во однос на претходната година, додека пад од 15 отсто е забележан во Мали.

Цената на храната на светско ниво расте, трговијата е нарушена поради руската инвазија на Украина, а негативно влијаеа и затворањата на границите поради коронавирусот. Според Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), шест западноафрикански држави 30 до 50 отсто од потребите за жито ги обезбедуваат преку увоз од Русија и Украина.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:африкаглад
Претходен напис Претпладне облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Револуција во одгледување на житарките – Кина го објави „документот бр. 1“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?