Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Револуција во одгледување на житарките – Кина го објави „документот бр. 1“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Револуција во одгледување на житарките – Кина го објави „документот бр. 1“
Агровести

Револуција во одгледување на житарките – Кина го објави „документот бр. 1“

Објавено 05/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во февруари 2022 година, Комунистичката партија на Кина објави „документ број 1“ кој се занимава со регенерација на руралните средини, претставува пресвртница за одгледувањето житни култури во оваа земја и дава конкретни насоки на развој и нивниот распоред.

Нивната земјоделска политика вклучува ревитализација на руралните средини, а имаат за цел да постигнат стабилизација и зголемување на земјоделското производство, континуирано зголемување на приходите на земјоделците и обезбедување стабилност во нивните рурални средини, наведува Фармер.

Во јануари, Министерството за земјоделство донесе административни прописи во врска со проценката на безбедноста на ГМО во земјоделството и регистрацијата на сортите на главните култури. Конфликтот во Украина го забрза спроведувањето на планираните процеси на регенерација.

Минатата година вкупната обработена површина изнесувала 117.631.500 хa, а според податоците на Централниот завод за статистика, во 2021 година се собрани 682,85 милиони тони житни култури, што е за 13,36 милиони тони повеќе од 2020 година. Годинава се очекува жетвата да се зголеми за два до три проценти на годишно ниво.

Заштита на обработуваното земјиште

Поради географски услови, во оваа земја нема доволно земјоделско земјиште, поради што во овој документ е воведен посебен правен статус за обработливите површини за негова заштита.

Од вкупната површина од 120 милиони хектари, 96 милиони хектари добија статус на „трајно заштитени“ и забрането е да се користат за други цели освен за земјоделство.

Приоритет е даден на мелиорацијата и се планира изградба на 26,68 милиони хектари ефикасни системи за наводнување. Владата планира да ја зголеми површината за 6,67 милиони хектари обработливо земјиште со висок стандард во 2022 година, а до 2030 година планира да создаде 80 милиони хектари квалитетно земјиште.

Стабилен пазар

Годинава кинескиот пазар на житарки е релативно стабилен, што е резултат на соодветните залихи и успешната жетва минатата година. Кога ќе ги споредиме истите периоди во 2021 и 2022 година, може да се види дека цената на пченицата се зголемила, но тој пораст бил незначителен.

Документот бр. 1 има за цел да ги задржи цените на такво ниво и да им обезбеди на земјоделците профитабилност при откупот, но во исто време да не предизвика нарушување на трошоците на преработувачите. Владата во Кина не воведе регулација на цените, но спроведува механизам за финансиска поддршка, вклучувајќи осигурување на посевите, трошоци за сеидба, организација на откуп, складирање и транспорт. Фокусот е и на примената на информатичките и телекомуникациските технологии, вклучително и 5G, особено во тргувањето на пазарот со фјучерси.

Увоз и побарувачка

Според податоците на Општата царинска управа GACC, нема поголема промена во обемот на увозот. Стабилноста на цените на пченицата, пченката и сојата укажува дека конфликтот во Украина и ситуацијата на светскиот пазар немаат значително влијание врз Кина. Точните податоци ќе бидат достапни во мај оваа година.

На 23 февруари годинава GACC дозволи увоз на пченица од Русија. Каква ќе биде состојбата во наредниот период ќе може да се оцени дури оваа есен, по жетвата и анализата на податоците за увозот. Структурата на побарувачката ќе се промени во зависност од напредокот во модернизацијата на сточарството (главно свињи и живина) и очекувањата на потрошувачите.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:кина
Претходен напис Западна Африка се соочува со историски недостиг на храна
Следен напис Ковачевски: „БиМилк“ го обезбедува домашниот и пазарот во регионот со повеќе од 80 производи, а директно вработува 220 луѓе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?