Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра
Агровести

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра

Објавено 26/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Screenshot
Сподели
Ad imageAd image

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова.

Како што информира Петрова, има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година.

-Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги сумираме податоците од вчерашниот ден, даночниот ден за ДДВ и по истекот на месецот ќе ги имаме конечните податоци за цела година, истакна директорката на прес-изјава во Владата.

Во врска со проектот е-фактурирање, напомена дека од 1 јануари ќе почне пилот-имплементацијата.

-Се наоѓаме пред клучен исчекор. Во првата фаза ќе го објавиме комуникацискиот механизам преку кој ќе се врши автоматската размена на податоци меѓу компаниите, меѓу нивните софтверски системи за фактурирање и меѓу државната централизирана платформа за е-фактурирање. По новогодишните празници ќе биде објавена техничката документација врз основа на што фирмите ќе можат да почнат со прилагодување на своите софтверски решенија и техничката интеграција, како и со тестирање на изготвување е-фактура во контролирана тест околина, објасни Петрова.

До крајот на првиот квартал ќе биде објавена клиентската апликација – бесплатни решенија за помалите компании, до крајот на вториот квартал ќе биде поставена продукциската околина, а до крајот третиот квартал од 2026 година се планира да заврши тестирањето.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:елена петровафаза
Претходен напис Сточарите не отстапуваат од нивните барања, платежната агенција објаснува зошто не се исплатени сите
Следен напис УХМР: Сончево и ветровито, утринските температури до -5 степени, дневните до 10
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?