Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 112 долари за барел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 112 долари за барел
Агровести

Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 112 долари за барел

Објавено 06/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата вчера скокнаа на 112 долари за барел поради загриженоста за снабдувањето, откако ЕУ ги соопшти новите пакет санкции кон Русија, вклучувајќи го и ембаргото на нафта, а водечките производители повторно ги отфрлија повиците за забрзано зголемување на производството.

Цената на барелот на лондонската берза скокна за 1,59 долари во однос на претходното затворање, на 111,73 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по цена повисока за 1,30 долари, од 109,11 долари. Пазарите се загрижени поради предлогот на ЕУ за нови санкции кон Русија, вклучително и постепено укинување на увозот на нафта и деривати во рок од шест месеци, до крајот на годината. Предложена е и забрана за сите транспортни и осигурителни услуги за транспорт на руска нафта.

-Пазарот на нафта не ги вклучи целосно во цените потенцијалните последици од нафтеното ембарго на ЕУ, така што можеме да очекуваме уште повисоки цени на суровата нафта во летните месеци доколку тоа се преточи во закон, изјави Бјорнар Тонхауген од „Ристад енерџи“.

Француската министерка за животна средина и енергија Барбара Помпили изјави дека е уверена дека членките на ЕУ ќе постигнат консензус за санкциите до крајот на неделата. Предлогот мора да биде поддржан од сите 27 земји на ЕУ.

-Планираното нафтено ембарго на ЕУ претставува огромен логистички предизвик за нафтените пазари – изјави Калум Макферсон од „Инвестек“.

„Пренасочувањето на руските барели од Европа кон купувачите во Азија, во услови на санкции, е веќе толку тешко што самата Русија призна дека нејзиното производство значително ќе опадне“, додаде Мекферсон.

Јапонија предупреди дека ќе има проблеми доколку веднаш престане да увезува руска нафта поради инвазијата на Украина. Поддршка на цените дадоа и Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, вклучително и Русија, со одлука за континуирано скромно зголемување на производството, придружено со забелешка дека тие не се виновни за прекините во испораките на руска нафта. Игнорирајќи ги повиците од западните земји на пазарите да извадат повеќе нафта, групата одлучи во јуни да го зголеми производството за 432.000 барели дневно, како и во претходните месеци, во согласност со планот за укинување на ограничувањата во 2020 година, првата година од пандемијата на Ковид-19.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:нафта цена
Претходен напис Црна Гора ги намалува акцизите за гориво, укинува ДДВ за брашното и маслото за јадење
Следен напис (ФОТО) Иновација: „Спасоје“ сам ги ора нивите и ги коси ливадите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?