Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Иновација: „Спасоје“ сам ги ора нивите и ги коси ливадите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > (ФОТО) Иновација: „Спасоје“ сам ги ора нивите и ги коси ливадите
Механизација

(ФОТО) Иновација: „Спасоје“ сам ги ора нивите и ги коси ливадите

Објавено 06/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стартап тимот Farmbot од Нови Сад направил специјален ровер, робот возилото „Спасоје“ на далечински управувач со GPS навигација за одржување на овошни насади, лозја и зелени површини, особено оние на стрмни падини, како и за поедноставување и намалување на трошоците за работа за земјоделските производители.

На натпреварот за најдобра технолошка иновација во Србија за „Soter Rover“ ја освоија третата награда. Нивниот робот користи алатки за косење, прскање, орање, чистење на снегот, а може да влече и приколки со товар од 800 килограми, стои на веб-страницата на Стопанската комора на Србија.

Фото/PKS

„Нашата мисија е да им ја олесниме работата на земјоделците на тешки терени и да им овозможиме на луѓето да останат и да се вратат на земјата со помош на новата технологија“, изјави Никола Лукичиќ, директор на Farmbot, компанија која се занимава со технолошки развој на роботиката во земјоделството.

Во компанијата оваа иновативна машина ја нарекуваат „Спасоје“. Идејата се родила на падините на Фрушка Гора, каде што Никола и неговиот колега од тимот на Farmbot, Бранислав Весковиќ, одгледуваат органска лаванда.

Фото/PKS

Во разговор со локалните винари и овоштари, сфатиле дека недостатокот на работна сила е голем проблем. Исто така, работата на класичните земјоделски машини на стрмен терен е многу отежната и постои реален ризик да се превртат тракторите поради наклонетост на теренот.

Фото/PKS

„Постои специфичен ризик од превртување на овоштарските трактори на стрмен терен при косење, орање и прскање на насадите. Така се роди идејата за автоматизирање на овие процеси, што придонесува за одржлив развој на земјоделството“, вели Никола за српските медиуми.

Тој наведува дека им се потребни нови инвестиции за развој на нови модели на роботи кои ќе имаат уште повисоки перформанси и ќе користат алатки за трактори, а со тоа целосно ќе ја заменат употребата на овој тип на овоштарски трактори.

Фото/PKS

Првиот прототип на роверот бил создаден во средината на 2019 година. Оттогаш, тие постојано ја подобруваат технологијата што ја тестираат на терен во сите временски услови.

Следниот месец „Спасоје“ ќе излезе на пазарот и заинтересираните земјоделци конечно ќе можат да ја изнајмат или купат оваа повеќенаменска машина.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач со носивост 520 кг, одличен за работа на фарма!
АГРО ГЕА: Тракторски приколки!
Таг:спасоје
Претходен напис Загриженоста за снабдувањето ја зголеми цената на нафтата на 112 долари за барел
Следен напис Гарденија – Мирисна убавица која го чисти воздухот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?