Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Широко ги отвораме вратите на Северна Македонија за шпанските бизнисмени како пријателска средина за странски инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Широко ги отвораме вратите на Северна Македонија за шпанските бизнисмени како пријателска средина за странски инвестиции
Агровести

Заев: Широко ги отвораме вратите на Северна Македонија за шпанските бизнисмени како пријателска средина за странски инвестиции

Објавено 12/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Заев ја претстави економската програма за финансиска поддршка за директните странски инвестиции во земјата како и сите други поволности како даночните, царинските и другите олеснувања за странските компании и додаде дека Северна Македонија како раскрсница на Западен Балкан и на Југоисточна Европа, претставува своевиден хаб од кој понатаму нуди развој и бизнис експанзија и на други пазари.

„Нашата економија се развива врз принципите на слободниот пазар и ги негува најдобрите европски и светски вредности за водење бизнис. Северна Македонија развива пријателска средина за странските инвестиции и тоа го потврдуваат десетици најреномирани компании од светот“, потенцираше премиерот Заев на средбата и додаде дека за шпанските инвеститори од посебен интерес можат да бидат вложувањата во зелената дигитална економија, обновливите извори на енергија, земјоделството и транспортната инфраструктура како поволни области за соработка.

Претседателот на Шпанската конфедерација на бизнис организации Антонио Гараменди, на средбата истакна дека тие со внимание го следат развојот на Северна Македонија, перформансите на бизнис средината во земјата и дека една од главните причини за интересот на бизнисмените од оваа конфедерација се должи на стабилната и предвидлива економска ситуација.

Гараменди додаде дека Конфедерацијата ќе даде сериозен придонес Северна Македонија да биде ставена на мапата за инвестиции на шпанските компании кои, во најголем дел покажуваат интерес за инвестиции во сферата на инфраструктурата, обновливите извори на енергија и менаџментот со води.

На состанокот преовлада согласноста дека оваа средба доаѓа во вистински момент кога и во двете земји се прават сериозни напори за заздравување и мобилност на економијата и стопанските движења после големите ограничувања од кризата што ја донесе пандемијата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гарамендизаев
Претходен напис Градски сквер ќе се гради на местото на стариот пазар во Гевгелија
Следен напис Бочварски: Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?