Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев ја раскажа својата животна приказна: Првите милиони ги заработив продавајќи суви пиперки во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев ја раскажа својата животна приказна: Првите милиони ги заработив продавајќи суви пиперки во Србија
Агровести

Заев ја раскажа својата животна приказна: Првите милиони ги заработив продавајќи суви пиперки во Србија

Објавено 13/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонскиот премиер има биографија за која повеќето политичари – не само од Балканот – можат само да сонуваат.

Својата животна приказна тој ја раскажа за српски „Курир“, откривајќи како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да побегне од сите на мотор.

„Моето име е поврзано со Србија, мојата младост е поврзана со Србија, сè што направивме, целиот семеен капитал е поврзан со Србија. Првата девојка ја имав во Горњи Милановац. Убава Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки, домати и краставици на пазарот во тоа место. Првиот дополнителен профит го заработив со продажба на детергент за перење алишта од Србија, и првите милиони кога продавав суви пиперки во Србија“, вели Заев.

„Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, истакнува премиерот на РСМ.

„И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже еден српски политичар дека Заев има резерви кон Србија“, додава тој.

Заев раскажува и зошто влегол во политика.

„Беше 1995-96 година. Чичко ми рече дека некој од деловниот сектор мора да влезе во политика затоа што политичарите работат само со професори и не знаат каква е реалноста. Некој мора да ги научи политичарите да креираат поинаков амбиент, да создадат фер можности за секого. Станав пратеник во 2003 година, а градоначалник на Струмица во 2005 година. Тоа и бев во следните 12 години. Премиер сум од 2017. И кој ме контролира?! Па, мислам дека само Зорица ме контролира. Затоа што, знаете како велат – има шеф над шефот“, вели Заев.

Извор: Курир.рс!

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заев
Претходен напис Младата Кристина одгледува свилени буби
Следен напис Денеска и утре облачно и посвежо, од среда затоплување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?