Негата на посевите со краставици на отворено подразбира: проретчување, прихрана, сузбивање на плевели, меѓуредово култивирање, наводнување, заштита од болести и штетници.
Проретчување
Се врши ако посевот никнал густо. Се извршува во фазата на развој на првиот или вториот прав лист. Кај посевите рачно посеани во куќички, после проретчувањето во секоја куќичка се оставаат 3-4 растенија, меѓусебно оддалечени 5-7 см.
Прихрана, окопување и уништување на плевели
Во производството на краставици, прихраната, окопувањето и уништувањето на плевели се неопходни мерки на нега. Со услов во есен да е употребено шталско ѓубре, растенијата треба да се прихранат еднаш или двапати со минерални ѓубрива во количини од 20-30 кг азот, 50-60 фосфор и 50-60 калиум по хектар. Посевот прв пат се прихранува 10-15 дена после никнување, а вториот пат пред почетокот на плодноста. Ако прихранувањето се извршува еднаш, тоа се прави кога ластарите почнуваат да ползат по земја.
Меѓуредовото култивирање е многу важна мерка на нега со која површинскиот слој на основата се одржува во растресита состојба и без плевел. Се изведува додека ластарите не се развијат доволно да формираат редови, а тоа е 2-3 пати во текот на вегетативниот период.
На мали површини, со цел уништување на плевелот, не треба да се применуваат хербициди, бидејќи речиси сите имаат депресивно дејство на растот и развојот на младите растенија – туку само окопување, плевење и нагрнување. Со нагрнувањето се постигнува образување на адвентивните корени, а со тоа и зголемување на способноста на растението да ги впива хранливите материи и водата од земјата.
Наводнување
Високи и сигурни приноси можат да се добијат само со наводнување. Количината на вода и бројот на наводнувања зависат од временските услови, особините на земјиштето и развојната фаза на растението. Во почетната фаза на развој потребите за вода на краставиците се помали. Кога ќе почне плодоносењето потребите на растението за вода во почвата и воздухот нагло се зголемуваат. Наводнување со оросување или со систем капка по капка се најдобри начини за наводнување на краставиците.
Извор: agrosavjet.com
