Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина
Агровести

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина

Објавено 27/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зголемување на субвенциите за дополнителни 20 – 30 денари по класи предаден тутун, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. За прва класа, како што истакна Николовски на прес-конференција, субвенцијата ќе достигне рекоркдни 100 – 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот.

Министерот најави и дека од 2024 година тутунарите ќе добијат стопроцентна поддршка за „зелена нафта“, мерка која досега не ја користеа, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.

Од оваа реколта, 2023-та, дополни Николовски, тутунарите ќе плаќаат и помалку за поверниците кои го контролираат откупот на пунктовите. Оваа сума која досега им се одбиваше од преданите количини тутун, наместо 0,35 отсто, ќе биде 0,25 проценти.

Николовски ја поздрави одлуката на Тутунскиот комбинат Прилеп кој синоќа одлучи да ја зголеми веќе договорената откупна цена на тутунот за најмалку 10 проценти и повика, останатите компании да го следат овој и примерот на државата, која исто така им излегува во пресрет на тутунарите.

-На постојните 80 денари, државата ќе издвои уште 20 до 30 денари за тутунарите. Сметам дека компаниите треба да го следат овој и примерот на ТК Прилеп, нагласи Николовски.  

Според него, цените со кои почна откупот беа мали поради што се разгледуваа сите можности да им се помогне на тутунарите.

-И оваа година навреме, уште пред почетокот на откупот, ги почнавме разговорите меѓу производителите и откупувачите. Традиционално сме партнери на едните и на другите, но секогаш сме на страната на производителите зашто е фер да се почитува маката на земјоделците. Пред откупувачите јасно истакнав дека годинава очекуваме фер и праведна цена на тутунот, постигнавме историски откупни цени во последините години, но сметам дека уште повеќе треба да се цени трудот на производителите, потенцира Николовски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:20 - 30 денаризелена нафтасубвенцијатутунаритехектар површина
Претходен напис Годинава исплатени рекордни 39,6 милиони евра поддршка кон 513 компании кои лани реализирале 153,3 милиони евра инвестиции
Следен напис Тутунарите очекуваат денеска и утре сите откупувачи да ги покачат цените на тутунот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?