Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годинава исплатени рекордни 39,6 милиони евра поддршка кон 513 компании кои лани реализирале 153,3 милиони евра инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годинава исплатени рекордни 39,6 милиони евра поддршка кон 513 компании кои лани реализирале 153,3 милиони евра инвестиции
Агровести

Годинава исплатени рекордни 39,6 милиони евра поддршка кон 513 компании кои лани реализирале 153,3 милиони евра инвестиции

Објавено 27/12/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 919 компании во изминатите шест години инвестирале над 500 милиони евра, а за нив се исплатени 100 милиони евра државна финансиска поддршка. Ова е целокупното портфолио на Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што истакна Битиќи на прес-конференција во Владата, од 2020 година реализирана е 100-процентна исплата на државната помош, а оваа година е исплатена рекордна сума или 39,6 милиони евра кон 513 компании кои во 2022-ра реализирале 153,3 милиони евра инвестиции.

Годинава, напомена вицепремиерот, има и најголема регионална распределба, 63,3 проценти од поддршката се кон фирми надвор од скопскиот регион.

Битиќи потсети дека Планот за економски раст е воведен во 2017 година и првите исплати кон компаниите се направија на крајот на 2018 година.

-До воведувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ) беа поддржани нула компании. ЗФПИ донесе и еднаков третман на домашните и странските фирми, подвлече Битиќи на прес-конференција во Владата на која присуствува и министерот за економија Крешник Бектеши.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инвестициикомпанииподдршкарекордни
Претходен напис До вторник стабилно и релативно топло време
Следен напис За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?