Се чини дека пандемијата на ковид-19 остава трага и на пазарот на пенливи вина. Ова е првпат во последните десет години продажбата на пенливи вина да бележи пад во земјите членки на ЕУ. До забавен раст на трговијата со вино настана затоа што многу барови и ресторани беа затворени.
Така, во 2020 година, според Евростат, извозот надвор од ЕУ изнесувал 494 милиони литри, што е намалување во однос на 528 милиони литри во 2019 година, односно пад од 6 проценти.
Во изминатите години најголем раст на извозот имало во 2014 година, кога во споредба со 2013 година изнесувал 11 отсто, а просекот бил 8 отсто.
Трите најсилни категории на пенливо вино кои земјите членки ги извезле надвор од ЕУ се просеко (205 милиони литри, 41%), шампањско (66 милиони литри, 13%) и кава (58 милиони литри, 12%).
Истовремено, увезени се 9,3 милиони литри пенливи вина од земји кои не се членки на ЕУ.

