Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За прилепските пчелари добра производна година, но лоша за трошоците кои влијаат на цената на медот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > За прилепските пчелари добра производна година, но лоша за трошоците кои влијаат на цената на медот
Агровест

За прилепските пчелари добра производна година, но лоша за трошоците кои влијаат на цената на медот

Објавено 14/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пчеларите од прилепско се задоволни со годинашново медопроизводство, но лошата година со зголемените трошоци најавува повисока цена на медот. Пчеларите сè уште ја водат битката со нелојалната конкуренција.

Како што објаснува Љупчо Ѓорѓиески, претседател на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп, состојбата во македонското пчеларство е сложена и комплексна како и во другите земјоделски гранки.

– Помина уште една пчеларска година од која може да речеме дека сме релативно задоволни. Годината е просечно добра, зашто минатите години беа со послаб принос. И пчеларството е погодено од климатските промени, но оваа година приносот е релативно добар и може да кажеме дека сме релативно задоволни. Тоа е така во низинските и ниските делови, а приносот е послаб во планинскиот дел. Но се судираме со бранот на поскапувањата. Дрвената маса од која се изработуваат сандаците е поскапена, како и лекарствата, репроматеријалите, шеќерот кој го употребуваме во прихраната на пчелите. Кружат шегите дека пчелите не одат на нафта, но ние одиме додека стигнеме до пчеларниците и ги зголемува трошоците, објаснува Ѓорѓиески.

Нелојалната конкуренција бара инспекциски контроли и испитувања колку и дали е вистински медот што се продава по маркетите. Има увоз, но проблем станува таканаречениот „пекарски“ мед.

– Дел се увезува како „пекарски“ мед, што не е мед, дел се увезува од Молдавија по пониска цена и дополнително му се додаваат некои состојки, па на крајот прашање е колку е тоа мед што се продава. Тука треба да реагира ветеринарната инспекција, да се земаат мостри од големите маркети, да се испита што е тоа што се продава и ако се продава како „пекарски“ мед, да се декларира дека не е вистински мед. оти, сето што е во малопродажба сега, е – мед. Но платежната (не)моќ си го прави своето. Во секој случај, нелојална конкуренција, вели Ѓорѓиески.

Малопродажната цена на медот се зголемува, но според Ѓорѓиески, се трудат да ја следат куповната моќ на граѓаните. Во земјава потрошувачката на мед од 2 до 3 килограми по жител е мала но тоа не е дека граѓаните не ја знаат вредноста на медот, туку поради високата цена на најслаткиот пчелин производ.

– Моменталната цена е 500 до 600 денари. Засега е таа во Прилеп, во други градови има и повисоки цени. Генерално, околу 600 денари со тенденција да се зголеми. Се раководиме според можностите на граѓаните. Моментално кај нас се трошат 2-3 килограми по глава на жител што е поразително малку. Не дека Македонците не се едуцирани за корисноста на медот, туку за голем дел цената е недостапна и свесно го избегнуваат, вели Љупчо Ѓорѓиески, претседател на прилепското пчеларско здружение „Братство“.

Пчеларот Марјан Петроски нагласува дека климатските промени го земаат данокот во медопроизводството. Потребен е развој и засадување површини со медоносни растенија.

– Треба сериозно да се размисли за последиците од климатските промени. На пчелите им е потребна квалитетна паша. Затоа, засадувањето на површини со медоносни растенија е многу битно. Да се обезбеди развој на оваа гранка, вели Петроски, пренесува МИА.

Според пресметките, во земјава има околу 315 000 пчелни семејства и секое носи од 8 до 10 килограми мед.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Јадете го слободно: Цветот од багрем и храни и лекува
(ВИДЕО) Пчеларите од Вешала , чувари на традиционалното пчеларство и биодиверзитетот на Шар Планина
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:медпчеларипчеларствоцена
Претходен напис Николовски: На барање на Ветеринарната Комора и АХВ одржавме работен состанок на кој разговаравме за намалување на стапката на ДДВ на ветеринарните услуги од 18% на 5%
Следен напис Николовски: Субвенциите се зголемени за 300 проценти за оризопроизводителите и граѓаните тоа треба да го знаат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?