Дополнително оплодување на доматот е потребно скоро секогаш, а особено во годините кога има многу облачни денови.
Тоа може да се постигне со протресување на растенијата, секојдневно или 3-4 пати неделно, или со примена на специјални вибратори, што доведува до пукање на поленските кесички и оплодување на толчникот.
При примената на хемиски средства за дополнително оплодување, прскањето со овие раствори се извршува во раните утрински часови.
Во последно време во многу земји за доплнително оплодување на доматот при одгледување во заштитен простор се користат дресирани пчели или бумбари кои во мали кошници се внесуваат во објектот. Кошниците со бумбари се внесуваат во објектот (3 кошници/1000 м²).
При оплодување со бумбари мора да се усогласи висината и времето на третирање со заштитни средства.
Рачно опрашување на домати
Ако вашиот домат не дава плод, обидете се со оваа едноставна рачна стратегија на опрашување.
Потребно е мала сликарска четкичка
Инструкции:
Полека подигнете го цветот на доматот
Тријте ја со четкичката внатрешноста на цветот полека напред назад. Ова го поттикнува поленот да се спушти на женскиот дел од цветот, пренесува Rural Sprout.
Рачно опрашувајте околу пладне секои два до три дена. Цветовите ќе овенат и плодноста ќе почне кога оплодувањето е успешно, па внимавајте на тоа.
Задолжително користете друга четкичка или мијте ја оригиналната четкичка во алкохол пред да преминете на друга сорта. Ако не направите вака, ќе имате вкрстено опрашување.
Извор: agrosavjet.com
