Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За пчелните семејства месец јануари е период на целосен мир, дали е правилно пчелите да се прихрануваат во овој период?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > За пчелните семејства месец јануари е период на целосен мир, дали е правилно пчелите да се прихрануваат во овој период?
Совети

За пчелните семејства месец јануари е период на целосен мир, дали е правилно пчелите да се прихрануваат во овој период?

Објавено 03/01/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За пчелните семејства месец јануари е период на целосен мир – состојба во која тие најдобро се спротивставуваат на за нив неповолните надворешни услови. Во овој период животните функции на одделните индивидуи на пчелното семејство – матицата и пчелите работнички, се сведени на минимум.

Формирањето на зимското кубе во пчелното семејство овозможува да се намалат оксидирачките процеси во телото на пчелите, како резултат на помалиот прилив на кислород од воздухот што се наоѓа околу кубето. Колку позбиено е пчелното семејство и погуста маса формираат пчелите во него, толку подобро се одвива презимување на пчелите.

Пчелите консумираат помалку храна, помалку се истоштуваат физиолошки и живеат подолго во текот на пролетта. Пчелите се адаптирани кон целосен зимски одмор. Секое негово нарушување без оглед од какви причини настанало им штети на нивното добро презимување. Затоа во јануари не е корисно да им се дава на пчелите храна – погачи, припремена од страна на пчеларите или купена, па дури и мед во погачи или кристализиран, даден како пита над кубето.

Прихранувањето на пчелните семејства во јануари, ако тие не се загрозени од глад, е погрешно. Давањето храна на пчелите во јануари во каква и да е форма им штети во неколку насоки.

Од целосно мирување тие инстинктивно веднаш минуваат во активна состојба – ја зголемуваат температурата во кубето, за да можат пчелите од надворешната страна на кубето да се одделат и да стигнат до храната, да ја растворат и пренесат во течна состојба до ќелиите од сакето. Оваа активност трае повеќе од 10-15 дена, за кое време пчелите се во состојба на зголемена активност и консумираат повеќе храна за да ја створат потребната топлина. Заедно со тоа тие треба да го преработуваат шеќерот во за нив достапна форма – да ги претворат сложените шеќери во прости, како и да го лачат од жлездите ензимот инвертаза што ги истоштува физиолошки.

Во јануари и воопшто во текот на целиот зимски период пчелните семејства, кои останале без храна во централниот дел на сандакот, наместо тврда храна треба да им се даваат погачи со мед. За таа цел треба да се прераспределат медовите резерви во самиот сандак преку преместување на рамките (рамките со мед да се распоредат меѓу празнините во центарот на сандакот). Ако во гнездото храната е намалена, што е недозволиво при нормална подготовка и зазимување, во замена на празните рамки на пчелите треба да им се дадат рамки со мед од резервите. Во јануари во нашата земја паѓа понекогаш дебел слој од снег, кој може да го затрупа половина или целиот сандак. Во такви случаи пчеларите не треба да брзаат да го отстранат снегот освен ако тој, не го затворил целосно летот на сандаците.

Пчеларот треба да ги посетува пчелите периодично, како и после невреме, за да се контролира состојбата на сандаците – да провери дали има откриени пчелни семејства или пак превртени кошници, дали има штети нанесени од трети лица, како и штети од клукајдрвец. Барем еднаш во месецот тој треба да изврши контрола на сандаците така што со слушање ќе констатира каква е состојбата на пчелното семејство внатре во сандакот. Во текот на јануари пчеларот продолжува со поправка на инвентарот, кој ќе го користи во следната сезона, и подготовка на рамките со восок (поставување и затегнување на жици), како и подготовка на минимум по 5-6 рамки за Дадан – блат сандацитe.

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:зима
Претходен напис Како се одгледува леќата и зошто е толку корисна
Следен напис Кои се најголемите производители на пченица во 2022 година?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?