Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени над 2 илјади грла овни и овци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени над 2 илјади грла овни и овци
Агровести

За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени над 2 илјади грла овни и овци

Објавено 14/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пресрет на одбележувањето на големиот муслимански празник Курбан бајрам, во Дебарско, во тек е продажба на овни и овци кои се принесуваат како курбан за овој празник, кој годинава се паѓа в недела, на 16 јуни.

Според Скендер Аме, претседател на здружението на сточари „Даши“, во кое членуваат сточари од општините Дебар и Центар Жупа, годинава за продажба се над 3 илјади грла овни и овци.

-Во тек е продажбата и можат да кажам дека има голем интерес.  Годинава за продажба имаме над 3 илјади грла а едно грло го продаваме од 130 до 300 евра, што зависи од возраста на добитокот и тежината. Цената е речиси идентична како и минатата година. До денеска претпладне имаме продадено околу 2.200, но по традиција последните денови пред празникот побарувачката е поголема, додава Аме за МИА.

Продажбата се врши во дел од стариот градски пазар, а како и изминатите години, нагласува тој, освен дебрани купувачи се и жителите од долнореканските села, општина Маврово и Ростуше, како и помал број од општина Центар Жупа, бидејќи и таму има пазар.

Курбанот, според верниците, се коле првиот ден од празникот, по што месото се распределува на сиромашни семејства. 

Овој празник, кој се одбележува четири дена, се нарекува уште и Аџи Бајрам, бидејќи на светите места Мека и Медина, во Саудиска Арабија, се реализира петтиот столб на исламот-аџилакот.

Од земјава на аџилак се 2.020  верници, од нив 100 од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река. 

МИА

Може да ви се допадне

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Таг:2 илјадигрла овниДебарскоКурбан Бајрамовципродадени
Претходен напис Во Скопје утрово пороен дожд и грмежи
Следен напис НП „Шар Планина“ и планинарските друштва потпишаа Mеморандум за соработка со цел поголема координација и унапредување на животната средина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?