Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НП „Шар Планина“ и планинарските друштва потпишаа Mеморандум за соработка со цел поголема координација и унапредување на животната средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НП „Шар Планина“ и планинарските друштва потпишаа Mеморандум за соработка со цел поголема координација и унапредување на животната средина
Агровести

НП „Шар Планина“ и планинарските друштва потпишаа Mеморандум за соработка со цел поголема координација и унапредување на животната средина

Објавено 14/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ денеска ги покани на потпишување Меморандум за соработка со планинарските клубови, друштва и здруженија.  Промоција на заштитата на природата, одржливиот економски потенцијал, подигање на јавната свест и свесност за убавините на Шара, планинарски патеки, еколошки акции, размена на знаење и искуства и др. се само дел од заедничките активности кои не очекуваат во иднина.

Една од најважните работи за кои ќе треба во иднина повеќе да соработуваат Националниот парк и клубовите се планинарските патеки. За тоа треба да има координација, а сите тие места за пешачење и планинарење ќе се најдат и на интернет платформа.

-Првично се договораат со нас за одредена патека, не како досега, ако му текнало на одредено здружение, па ќе почне да обележува патека затоа што им било интересно. Секако во координација со нас, што е важноста за таа патека, кој предел ќе се опфати, што ќе промовира од убавините на Шара преку таа патека, секако тоа ќе треба да биде опфатено во електронското евидентирање, изјави директорот на НП Ибрахим Дехари.

Меморандумот во иднина ќе придонесе за заедничко унапредување и развој на двете страни во областа на животната средина, како и промоција на одржливост на туристичкиот потенцијал на Шар Планина.

-За поздравување е овој чин на Националниот парк. Голема важност имаат  патеките, за движење од безбедносен аспект, но и за развој на туризмот, да знае секој посетител што и каде може да посети на таа патека. Без лиценциран планинарски водич да не се оди на планина, истакна Снежана Новаковска од ПК „Тетекс“, потписничка на Меморандумот.

Од Паркот информираат и дека преку проектот „Инвестираме во Шара“ на најмалку шест локации на територија на Шар Планина оваа година ќе се уредуваат излетничките места, ќе бидат поставени патокази, знаци, мостови, а ќе бидат поставени и привремени објекти наменети за потребите на чуварската служба и привремено засолнување од непогодни временски услови.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Mеморандумпланинарските друштвасоработкаШар планина
Претходен напис За Курбан бајрам во Дебарско до денеска продадени над 2 илјади грла овни и овци
Следен напис Намален прометот во индустријата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?