Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За десетина дена почнува откупот на тутунот, какви се очекувањата на производителите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За десетина дена почнува откупот на тутунот, какви се очекувањата на производителите
АгровестиРастително производство

За десетина дена почнува откупот на тутунот, какви се очекувањата на производителите

Објавено 07/11/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За десетина дена официјално ќе започне откупот на тутунот од годинашнава реколта.

Десетте откупувачи треба да превземат 23 милиони килограми .

Но тутунарите тврдат дека оваа година производството ќе тежи близу 21 милион килограми. Поради тоа очекувањата да се задржи минатогодишната просечна откупна цена од 220 денари за килограм.

Прилепскиот дел од Пелагонија и натаму останува најголемиот производител на тутун.На откупувачите ќе им бидат предадени над 16 милиони килограми.

Без разлика на се тие велат дека не постои правилно вреднување на трудот.Миниманото зголемување на откупната цена по класи не соодејствува со континуираното процентуално зголемување на малопродажната цена на цигарите.

Поради пандемијата од Сојузот на земјоделските здруженија пред почетокот на откупот бараат откупните претпријатија да бидат толерантни за откупниот рок.

И тој според сосотојбите да биде продолжен до фебруари бидејќи има и ќе има и заболени и изолирани тутунари од ковид 19.

Според Менде Стомнароски, се очекува реколтата да тежи околу 23.000 тони и е намалена зашто во почетокот на сезоната сушата си го направи своето. Но квалитетот е на ниво на ланскиот. Засега, од 10 -те компании, се знае само дека една ќе ги отвори откупните пунктови на 16 ноември.

– Во земјава годинава се 10 откупни фирми, од кои засега се знае дека на 16 ноември ќе почне Сокотаб од Битола. За другите, деновиве ќе има подетални информации. Идната недела е и запечатувањето на мострите, вели Стомнароски.

Од Сојузот апелираат во ситуација на пандемија, откупувачите да имаат разбирање и тутунарите да добијат втора шанса за закажување термин за откуп доколку го пропуштат, а потребно е да се детализира динамиката на откупот за да не се создаваат турканици и да се доведуваат сите во опасност од зараза.

– Апелирам до откупувачите да ја направат целата динамика на откупот на тутунот и да важи до крајниот рок, до крајот на февруари наредната година. Да им дадат втора шанса на тутунарите кои, поради пандемијата, некои не ќе може да го искористат рокот или датумот за откуп. Освен тоа и временските услови не погодуваат да се изврши домашна манипулација. Ние заедно со Министерствата за земјоделство и за здравство ќе бараме мерките за заштита да се почитуваат, да нема навалици и групирања пред вагите за откупот да тече непречено и да нема опасност од зараза, изјави Стомнароски.

Гоце Јончески од селото Заполжани има речиси 5 тони тутун. Очекува просечната да биде околу 230 денари за килограм.

– Имам тутун речиси 5 тони. Реколтата е квалитетна, како ланската Очекувам тутунот да помине со просечна цена од 220 до 230 денари и се што би било помалку би било нереално, рече Јончески.

Што се однесува до зголемување на цените, што со месеци бараат од Сојузот, Стомнароски вели дека дел откупувачи нешто зголемиле.

– Некои компании ги коригираа цените, а очекуваме и другите тоа да го направат. Нашите барања беа: првата класа да биде 280 денари за килограм, втората класа 220 денари, за третата баравме 170 денари, а четвртата класа да биде 90 денари. Баравме дополнителните класи да бидат исклучени. Доколку останат, првата дополнителна класа да биде 130-140 денари, зашто мислиме дека квалитетот е ист со третата класа само со покрупни лисја.

Засега, според откупувачите, првата класа е 280 денари, втората е 206, третата на 155, а четвртата класа е 90 денари. Останатите, дополнителните класи со цените остануваат на 80, односно на 60 денари, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија менде Стомнароски.

Тутунарите се задоволни што од годинава нема бели картони, а договорите ги потпишуваа директно со откупувачите. Но, стравуваат дека може да бидат изманипулирани од дел од нив зашто во договорите кои  многу подоцна се потпишаа, некаде дури до половина им се намалени количествата за откуп. За тоа мора да излеземе на терен со инспекторатот вели Перо Стојкоски од Сојузот.

– За тутунарите олеснително е што од годинава нема бели картони. Но договорите се склучуваа подоцна, па има различен аршини за запишувањето на количествата тутун. Дел откупувачи во договорите ги намалија количествата тутун, без да се консултиураат со тутунарите. Тоа може да предизвика проблем, но се надевам дека со земјоделскиот инспекторат сите заедно ќе го решиме тоа. што се однесува за повисоките цени, тоа е сосема реално, ако се има предвид дека цените на цигарите неколкукратно  се зголемуваа, вели Стојкоски.

Откупот на тутунот од годинашнава реколта ќе почне на 16 ноември, а 15 декември е краен рок сите 10 откупувачи да ги отворат пунктовите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:претпријатијасојузоттутун
Претходен напис Лукаревска: Блокирани се сметките на компаниите кои не ја исплатија доделената помош за вработените
Следен напис Хоџа:Откупувачите на тутун потврдија дека се обезбедени средства за откуп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?